Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Фото: МИА

Вечерва е скршено стаклото на влезот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, објави бугарската ТВ НОВА. Вандалскиот чин бил пријавен вечерва во 21:40 часот во локалната полициска станица.

Како што објави телевизијата, полициската патрола видела дека е скршено стаклото на Македонскиот клуб на улицата „Димитар Димов“ во градот. Според првичните информации, четири камења се пронајдени пред објектот, објави ТВ НОВА повикувајќи се на свои извори.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше отворен во тензична атмосфера лани на 30 октомври во присуство на гости од Македонија и Македонци што живеат во Бугарија.

Настанот доаѓа по денешното чествување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кое во Скопје помина мирно, но имаше тензии на граничниот премин Деве Баир, заради кои тројца Бугари беа уапсени, а вечерва казнети со 300 евра казна и протерани од Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот