18 C
Скопје

„Спајс Грлс“ најавуваат враќање на филмското платно

Познатите членки на групата „Спајс Грлс“ пред две години се вратија на сцената, а сега размислуваат и за враќање на филмското платно.

„Девојките размислуваа како да ја одбележат 25-годишнината од филмот „Spice World“ од 1997 година, па дојдоа до идеја да снимат продолжение. Тие зборуваа со сценарист кој сега размислува и го креира целиот проект, што значи дека тие сериозно се ангажирале за тоа“ изјави извор од филмската индустрија, пишува „The Sun“.

Оригиналниот филм покрај Мел Би, Мел Си, Ема Бантон, Гери Хорнер и Викторија Бекам имаше и ѕвезди како што се Елтон Џон, Ричард Е. Грант, Мит Лоаф и други, па токму затоа и за продолжението сигурно се планирани големи имиња. Филмот тогаш заработи повеќе од 96 милиони долари, и покрај лошите оценки на критичарите.

Инаку „Спајс Грлс“ во 2019 година повторно се собраа за да одржат 13 стадионски концерти во Обединетото Кралство и Ирска, но Викторија Бекам не учествуваше во таа турнеја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spice Girls (@spicegirls)


„Повеќе сакам да се насочам кон своето семејство и фирмата“, изјави тогаш Викторија која не сакаше да и се придружи на групата, а под знак прашалник е и нејзиното појавување во новиот филм.

Поврзани вести

Шварценегер ја откри вртоглавата сума што ја добил за еден збор во „Терминатор“!

Слободен печат

Предлог за денешниот ручек: Пилешко со зеленчук

Слободен Печат

Маја Велкова, убавото лице на градот: Можеби бев единствената жена со посебни потреби која менаџираше салон

Мими Стојановска

ФОТО: Пејачката отишла на смалување на желудникот, па покажала шокантни фотографии од исекотини и модринки по телото

Слободен печат

ВИДЕО: Васил Гарванлиев имаше одлична прва проба на евровизиската сцена во Ротердам

Слободен печат

Дневен хороскоп за 9 мај: Нема причина да се изгуби самодовербата поради нечија реакција

Слободен Печат

Остави Коментар