Сопругата на Оливер Драгојевиќ три години по неговата смрт: Дури и денес, кога ми sвони телефонот, мислам дека тој ме бара

Оливер Драгојевиќ
Фото: Instagram

Денес се навршуваат три години откако Оливер Драгојевиќ го напушти овој свет по тешко боледување. Во Хрватска, и пошироко, сè уште владее голема тага меѓу неговите бројни обожаватели.

„Секогаш ме нарекуваше женo, Весна речиси никогаш не ми кажуваше. Денес сè уште е многу тешко, не одам сама на неговиот гроб затоа што мислам дека ќе се онесвестам. Дури и денес, кога ќе ми заsвони телефонот, мислам дека тој ме бара“, изјавила во една прилика неговата сопруга Весна Драгојевиќ, пренесува Курис.рс.


Весна и Оливер беа скоро 50 години во брак, од кој имаат три сина и седум внуци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)


Тешката болест и смрт ја прекина нивната идила. Пејачот уживаше во Сплит, а уште повеќе во Вела Лука заедно со семејтвото, одејќи по риболов, а неминовни биле дружењата со пријателите исполнети со многу музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela (@qtdanchy)


Во Вела Лука, и оваа, како и минатата година, се одбележува годишнината од смртта на големиот пејач на траект, а во вторникот, во Центарот за култура била отворена изложбата посветена на великанот, со наслов „Оливер низ објективот на Ливи Андријиќ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Torcida Split (@uvik_budni1950)

Денес ќе се положи венец на локалните гробишта, по што ќе има миса и рецитал во црква, а во вечерните часови, голем концерт за Оливер -„Трага во бесконечност“. Во негов спомен и сеќавање целата манифестација ќе се заокружи веќе утре со џез – концерт.

Видео на денот