Instagram
Пол Макартни - Фото: Instagram

Сомнежите на Јоко Оно дека Ленон бил геј повторно во фокусот: Пол Макартни откри дека спиел со Џон често, но не почувствувал ништо

Легендарниот музичар Пол Макартни откри дека Јоко Оно еднаш му рекла дека мисли оти нејзиниот сопруг, Џон Ленон, „можеби бил геј“. Оно и Ленон беа во брак од март 1969 година сè до трагичната смрт на Ленон на 8 декември 1980 година, пишува „Дејли Мејл“.

Во интервју за „Верајети“, направено во 2015 година, а повторно објавено минатата недела по повод документарецот „Човек во бегство“ за животот на Макартни по распадот на „Битлси“, тој раскажа дека Јоко му ја споделила таа претпоставка кратко по смртта на Ленон.

„Се колнам дека ме повика кратко по смртта на Џон и ми рече: ’Знаеш, мислам дека Џон можеби бил геј‘. Јас ѝ одговорив дека не сум сигурен. Реков дека не мислам така, барем не додека го познавав“, изјавил Макартни.

Instagram
Пол Макартни – Фото: Instagram

Тој додаде дека во 60-тите години двајцата поминувале многу време заедно и биле опкружени со многу девојки, па затоа немал причина да верува во таквите тврдења.

„Често спиевме во иста просторија кога патувавме, но никогаш немаше ништо такво, ниту гест, ниту некаков знак“, додал тој.

Сепак, Макартни призна дека слушал гласини за сексуалноста на Ленон, особено поврзани со нивниот поранешен менаџер Брајан Епштајн, кој бил геј. Но, тој истакна дека лично не верува дека меѓу нив се случило нешто.

Ленон и Оно се венчаа во март 1969 година и останаа заедно до 1980 година, кога Ленон беше убиен на 40-годишна возраст од опседнатиот обожавател Марк Дејвид Чепмен.

Џон Ленон и Јоко Оно / Фото: mediadrumimages/TopFoto / Media Drum World / Profimedia

Двојката има син, Шон Оно Ленон, роден во 1975 година. Ленон претходно го доби и синот Џулијан Ленон со својата прва сопруга Синтија Ленон.

Во меѓувреме, Јоко Оно има и ќерка, Кјоко Оно Кокс, од бракот со режисерот Ентони Кокс.

Макартни проговори и за распадот на „Битлси“

Во последно време Макартни повторно е во центарот на вниманието поради новиот документарец кој го следи неговиот живот по распадот на бендот.

„Битлси“ / Фото: The Hollywood Archive / Avalon / Profimedia

Во разговор со режисерот Морган Невил, 83-годишниот музичар призна дека во минатото ги прифатил критиките дека токму тој го распаднал легендарниот бенд.

„Кога ќе слушнам некој да го критикува Пол Макартни, често се согласувам со тоа. Кога сите зборуваа дека јас ги распаднав ’Битлси‘ и дека сум бил премногу наметлив, некако почнав да верувам во тоа“, изјави тој.

Макартни исто така призна дека се почувствувал многу емотивно кога во документарецот повторно ја видел својата покојна сопруга Линда Макартни, која почина во 1998 година.

„Да се гледам себе со Линда е нешто многу посебно, бидејќи таа повеќе не е тука. Тоа е како целиот живот да ти поминува пред очи“, рече музичарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот