Со музика против нездравите емоции – Оваа песна докажано ги намалува анксиозноста и стресот! (ВИДЕО)

Песната што неверојатно го релаксира мозокот е составена со пијано, гитара и електронски матрици со звуци од природата

Британскиот бенд „Marconi Union“, во соработка со невронаучници, ја направи песната „Weightless“ за ослободување од стресот и анксиозноста, а една студија сега го потврди нејзиниот смирувачки ефект врз мозокот и психичкото здравје.

Имено, во студијата на „Mindlab International“, на испитаниците им биле дадени различни задачи со цел да го видат влијанието на песната при различните активности. Резултатите покажале дека нивото на вознемиреност е намалено кај дури 65% од луѓето Песната го намалува крвниот притисок, нивото на хормонот на стрес и ги смирува силните отчукувања на срцето.

Но, песната има и еден недостаток. На испитаниците им биле дадени различни задачи да го видат влијанието на песната во различни активности, а резултатите покажале дека до толку е смирувачка што всушност е опасно да ја слушате додека возите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот