Со лажни документи ја принудиле да зборува – Покрената истрага за интервјуто на Дијана од пред 25 години!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Во „BBC“ моментално се спроведува голема истрага поради интервјуто која покојната Дијана пред 25 години му го дала на Мартин Башир. Тој успеал да ја наговори принцезата да зборува за својот брак со принцот Чарлс и таа тогаш за првпат ја раскажала својата страна од приказната за нивниот однос.

Сега се дознало дека 57-годишниот Башир наводно лажел и се послужил со некои измами за да ја наговори принцезата на интервју.

Фото: Јутјуб

Имено, новинарот и покажал документи на принцезата кои потврдиле дека некои членови на кралското семејство им продавале информации на медиумите и имал докази како банкарски сметки од тие лица кои докажувале дека добиле прилично голема сума на пари за продажба на информации.

Фото: Јутјуб

Принцезата се согласила да даде интервју и со тоа го потресла кралското семејство, особено кралицата Елизабета која по нејзините изјави за односот на принцот Чарлс и Камила Паркер, побарала од Дијана и Чарлс официјално да предадат документи за развод.

Фото: Јутјуб

„BBC“ отпочна истрага против Башир и графичкиот дизајнер Мет Вислер кој наводно по барање на новинарот направил лажни банкарски изводи кои ѝ биле покажани на принцезата во текот на интервјуто.

Фото: Профимедиа

Првата истрага била отпочната набрзо по објавата на интервјуто и тогаш целата вина му била препишана на Вислер, но тој изјавил дека немал поим дека тие документи водителот ќе ги користи во интервјуто.

Фото: Профимедиа

Сега повторно е отпочната истрага која се обидува да утврди што точно се случило, но резултатот од истрагата нема да биде скоро готов бидејќи Башир се наоѓа во болница поради проблеми со срцето. Неговото закрепнување е отежнато бидејќи бил заразен со коронавирус.

Фото: Профимедиа

Принцезата Дијана подоцна се покајала за даденото интервју бидејќи принцот Вилијам го задевале и исмејувале на училиште. Неговите соученици му се потсмевале и тој и бил многу лут на својата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот