Случај „Рекет“: Обвинение утре, Јанева не даде исказ

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“.

– Истрагата во првиот дел за „Рекет” е при крај. Обвинителката Вилма Рускоска работи на донесување јавно-обвинителска одлука. Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден ќе селди обвинение за тој дел, изјави денеска шефот на републичкото обвинителство Љубомир Јовески.

Првоосомничен во случајот е Бојан Јовановски, кој не успеа вчера да даде исказ затоа што му се слоши додека беше во ОЈО за организиран криминал, по што беше префрлен со Брза помош во Ургентниот центар, па вратен во Шутка. Второосомничениот е Зоран Милески Кичеец, кој е во домашен притвор, додека третоосомничената, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се реши да не дава исказ.

Јовановски и Милески се осомничени дека преку Јанева издејствувале ослободување од притвор и кривично гонење на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во истрагата „Импарија“; која ја водеше СЈО, а Камчев им платил 1,5 милиони евра.

Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет” против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Боки 13 и Јанева се во затворски, а Кичеец се во домашен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот