ОБНОВЕНО: Брза помош повикана во Обвинителството, на Боки 13 му се слоши

Десетина минути откако од притвор го донесоа Бојан Јовановски да даде исказ за случајот „Рекет”“пред обвинителката Вилма Рускоска, пред зрадата на Обвинителството пристигна екипа на Итна помош.

Засега нема официјална потврда дека екипата на итната медицинска помош е дојдена поради влошена здравствена состојба на Јовановски.

Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет”, попладнево со полициска придружба од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесен во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јовановски по увидот на доказите, треба да даде исказ во Обвинителството за „Рекет”. Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за „перење пари” и „примање награди”.

Освен Јовановски, во случајот „Рекет” се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

ОБНОВЕНО

Од она што нашиот репортер го забележа пред Судот, со возилото на Брзата помош беше однесен Бојан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот