„Слободен печат“ дознава: Уапсениот дипломат Миленкоски е роднина на Сашо Мијалков

Миленкоски и Мијалков во роднинска врска/ Фото: Слободен печат

„Слободен печат“ од свои извори дознава дека уапсениот македонскиот дипломат во Мисијата на ОБСЕ во Виена, Миле Миленкоски е во роднински врски со контроверзниот македонски бизнисмен и екс директор на УБК Сашо Мијалков, веќе осуден за повеќе кривични дела, а последниот актуелен случај е „Плацевите на Водно“.

Дознаваме дека, случајот поради кој Миленкоски е уапсен во Србија, а баран со меѓународна потерница од австриските власти, има позадина во безбедносните служби бидејќи станува збор за сомнителен транспорт на висок ерменски функционер, кој со помош на Миленкоски и уште двајца македонски дипломати е извлечен од Ерменија, со приватен авион, што македонската „тројка“ го обезбедила по свои канали.

Ерменецот во својата земја бил осомничен за злоупотреба на милионски суми, а „спасувачите“ од македонската мисија во Виена, „за оваа шпионско-дипломатска операција по забрзана постапка регистрирале невладино здружение за лица со посебни потреби, наводно за учество на една конференција на оваа тема“, објави Коха.

Миленкоски во моментов е во екстрадиционен притвор во Србија по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство, потврди МНР .

Министерстовото за надворешни работи согласно законските надлежности го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот