СКАНДАЛИ кои кралското семејство се обидува да ги ЗАБОРАВИ (ВИДЕО)

Profimedia
Profimedia

Британското кралско семејство во својата историја брои приличен број скандали. Некои се толку познати што за нив сите слушнале, но извесни скандали многумина веројатно веќе ги заборавиле.

Во продолжение ве потсетуваме на некои од нив.

Упад во спалната на кралицата

Најголем пропуст на обезбедувањето се случил во 1982 година кога еден човек успеал да се качи по Бакингемската палата и кришум да влезе во собата на кралицата. Тоа јулско утро во 7 часот Мајкл Фаган се качил по ѕидот и влегол во собата. За Индепендент тој раскажал дека кралицата истрчала од собата штом го видела, како што рекол, „малите боси стапала трчаа по подот“.

 

Црната овца во семејството и цицањето на нејзините палци

Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендрју и за време на бракот и подоцна била редовен член на трач рубриките. Во 1992 година Daily Mirror објавил фотографии од војвотката од Јорк во компромитирачка ситуација со тексашкиот милионер Џон Брајан. На сликите Брајан ги цицал нејзините палци. Иако приватноста им била нарушена, инцидентот предизвикал многу срам за кралското семејство.

Принцот Хари отишол на одвикнување (и останал таму еден ден)

Кога е обелоденето дека 16-годишниот принц Хари е фатен како пуши марихуана, тоа стигнало на насловните страници на тогаш националниот News of the World. Како казна принцот Чарлс синот го испратил на одвикнување – на еден ден. Принцот Хари тогаш се состанал со зависниците на одвикнување од кокаин и хероин во центарот во Јужен Лондон.

Кривичното досие на принцезата Ана

Единствената ќерка на кралицата, принцезата Ана во 2002 година добила кривично досие. Таа ја признала вината дека едно од нејзините кучиња, Доти, нападнало две деца.
Принцезата Ана морала да се појави на суд и да плати казна од 500 фунти, отштета од 500 фунти, да организира дресура за Доти и да ги плати судските трошоци од 148 фунти.

Интимни разговори

Во 1992 година, кратко по објавувањето на разводот на принцезата Дијана и Чарлс, детали од интимниот разговор на принцот Чарлс со Камила Паркер биле објавени во јавност и предизвикале голем срам за кралското семејство.
Еден од најлошите моменти е кога Чарлс вели дека сака да биде „влошка„ на Камила. Во 2008 година е објавено дека телефоните биле озвучени.

 

Принцот Чарлс навредува репортер од BBC

Кралското семејство и британскиот печат отсекогаш имале бурни односи, а во 2005 година принцот Чарлс е слушнат како зборува за еден репортер.
„Овие проклети луѓе. Не можам да го поднесам тој човек. Навистина е одвратен“, им рекол Чарлс на своите синови откако дописник на BBC му поставил прашање за идната венчавка со Камила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот