Сите се „залетаа“ по лажна слика, ниедно возило не пропадна денеска во фонтаната на плоштад Македонија
Анета Стојковска
Пред
Фонтана на плоштад / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески
Десетина медиуми денеска објавија дека повторно возило пропаднало во подната фонтана на плоштадот Македонија, споделувајќи иста слика која некој граѓанин ја објавил на социјалните мрежи. Вистината е дека тоа не се случило и дека некој, со објавување лажна слика, си поигрува со скопјани. Фотографиите кои предмалку ги направи фоторепортерот на „Слободен печат“ говорат дека секој објавен „факт“ треба да се земе со резерва, односно да се провери.
Мала е веројатноста камион повторно да пропадне во фонтаната. Од пред неколку месеци просторот околу фонтаната Град Скопје го обезбеди со бетонски топки и знаци за предупредување. Фонтаната е вон употреба, по второто пропаѓање на камион во неа, од неколкуте кои се случија во изминатите години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во услови кога јавниот автобуски превоз не функционира според потребите на граѓаните, односно на некои линии возилата се нередовни, па се чека и половина час, граѓаните што како алтернатива ги користат услугите на таксистите се жалат дека во Скопје тешко се наоѓа такси и вистинска среќа е диспечерот да ви соопшти дека има слободно возило. …
Периодов во Англија во тек е судски процес за невидениот скандал со британската пошта. Пред 20 години, раководители на поштите во Англија биле обвинети и осудени за кражба на пари од поштите. Од тогаш, животот на овие луѓе драстично им се менува, вклучувајќи ги и нивните семејства. Дел од овие судбини завршиле и трагично со …