Сите се „залетаа“ по лажна слика, ниедно возило не пропадна денеска во фонтаната на плоштад Македонија
Анета Стојковска
Пред
Фонтана на плоштад / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески
Десетина медиуми денеска објавија дека повторно возило пропаднало во подната фонтана на плоштадот Македонија, споделувајќи иста слика која некој граѓанин ја објавил на социјалните мрежи. Вистината е дека тоа не се случило и дека некој, со објавување лажна слика, си поигрува со скопјани. Фотографиите кои предмалку ги направи фоторепортерот на „Слободен печат“ говорат дека секој објавен „факт“ треба да се земе со резерва, односно да се провери.
Мала е веројатноста камион повторно да пропадне во фонтаната. Од пред неколку месеци просторот околу фонтаната Град Скопје го обезбеди со бетонски топки и знаци за предупредување. Фонтаната е вон употреба, по второто пропаѓање на камион во неа, од неколкуте кои се случија во изминатите години.
Фонтана на плоштад / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Поместени се партиските позиции и можност да се фати рокот уставните измени да бидат донесени до крајот на ноември за Македонија да го продолжи евроинтеграцискиот пат, е оцената на политичките аналитичари по лидерската средба помеѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски. Откако двајцата лидери понудија конкретни предлози, очекувањата се дека …
Дека ќе има дезинформации и лаги околу причината зошто се сруши браната Каховка во Украина и кои ќе бидат последиците од самата катастрофа е повеќе од јасно. Меѓутоа од се она што првично може да се види е дека и двете страни имаат и про и контра причини за минирање на браната. Руската логика се …