Јаник Синер/ EPA/SEBASTIEN NOGIER

Синер како „брз воз“ преку Зверев до финале во Монте Карло

Јаник Синер продолжи да доминира во дуелите со Александар Зверев, совладувајќи го по осми пат во низа, односно третпат сезонава.

Во полуфиналето на мастерсот во Монте Карло, Синер без поголеми проблеми стигна до победа од 2-0 во сетови (6:1, 6:4) за само 82 минути игра.

Иако Зверев по традиција игра добра на овој турнир и има шест полуфиналиња на последните седум настапи, Германецот повторно не успеа да направи исчекор кон финале, што јасно ја покажува разликата меѓу него и Италијанецот.

Првиот сет помина во целосна доминација на Италијанецот, кој беше сигурен на форхендот, додека Зверев правеше серија грешки. Во вториот сет Германецот заигра поагресивно, но не успеа да создаде ниту една брејк можност.

Клучниот момент дојде при резултат 5:4, кога Зверев направи неочекувана грешка на 15-15, по што Синер успеа да ја искористи ситуацијата и да го приведе мечот кон крајот.

За четвртата титула во низа од мастерс серијата, вкупно осма во кариерата, Синер ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Валентин Вашеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот