Instagram

Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер го украдоа целото внимание на црвениот тепих

На престижната гала вечера во Лос Анџелес, Синди Крафорд и Каја Гербер повторно го украдоа целото внимание – и тоа со добра причина. Легендарната манекенка и нејзината ќерка се појавија на црвениот тепих во слични комбинации што многумина се пошегуваа велејќи дека гледаат близначки.

Instagram

Каја Гербер, една од најбараните манекенки на нејзината генерација, избра фустан во впечатлива боја на цреша, покриен со светки од колекцијата на Гучи. Моделот веднаш ги потсети модните познавачи на легендарниот црвен модел на Версаче што нејзината мајка го носеше на Оскарите во 1991 година, кога се појави на црвениот тепих со тогашниот партнер Ричард Гир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 90s Classy (@90ssclassy)

Синди Крафорд, од друга страна, се одлучи за златен фустан со спуштени рамена, богато украсен со монистра и текстурирани цветни детали. Станува збор за модел од колекцијата на Гучи за пролет 2026 година.

Порано Синди Крафорд и Ричард Гир беа во брак, а сега се поврзаа и нивните деца

Откако фотографиите од настанот се појавија на социјалните мрежи, обожавателите беа воодушебени. „Како да гледам две Синди!“, „Мајка и ќерка кои изгледаат како да се од насловната страница на Вог“, „Кралици на црвениот тепих!“ – ова се само дел од коментарите под виралните објави од Инстаграм.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот