Instagram/Profimedia

Порано Синди Крафорд и Ричард Гир беа во брак, а сега се поврзаа и нивните деца

Популарниот брачен пар од 90-тите, Ричард Гир и Синди Крафорд, денес ги поврзува нова генерација – нивните деца Каја Гербер и Хомер Гир, кои глумат заедно во новата серија на Рајан Марфи.

Нивните родители беа еден од најинтересните парови во 90-тите, а денес нивните деца се дел од иста актерска приказна. Каја Гербер и Хомер Гир ги здружија силите за претстојната серија „The Shards“, адаптација на романот на Брет Истон Елис од 2023 година, чија продукција штотуку започна во Лос Анџелес.

Каја и Хомер привлекоа посебно внимание бидејќи ги поврзува минатото на нивните родители.

Ричард Гир и Синди Крафорд беа во брак од 1991 до 1995 година. Во едно интервју во 2015 година, Крафорд призна дека, меѓу другото, ги оддалечила и големата разлика во годините.

Гир и Крафорд се запознале во 1988 година, а три години подоцна спонтано се венчале во Лас Вегас, со прстени направени од алуминиумска фолија.

Во тоа време, Гир штотуку доживеа огромен успех со филмот „Убава жена“, додека Крафорд го освојуваше светот како еден од најголемите супермодели во тоа време.

„Знаете, научив многу од Ричард. Научив како да бидам славна. Тоа не е универзална лекција, а многу лични работи, сè друго што научив од тоа, го зачував за себе“, изјави Крафорд за списанието Портер во 2015 година, објаснувајќи ја својата одлука да не го вклучи својот поранешен сопруг во своите мемоари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот