Симоновски и Цуцули одиграа нерешено против холандскиот Феенорд

Фото: facebook.com/dritafcofficial

Покрај Шкендија и Шкупи, има и доста наши фудбалери кои настапуваат за странските клубови на меѓународната сцена летово, во овој случај новоформираната Конференциска лига.

Како што е веќе објавено, Шкупи е пред елиминација од натпреварувањето, а Шкендија во Скопје за седум дена ќе брка негатива против летонската Рига.

Голем број на македонски фудбалери по првите натпревари во второто квалификациско коло на КЛ забележаа добри резултати пред реванш дуелите за учество во следната трета рунда.

Стефан Јевтоски остана на клупата за резерви во победата на унгарскиот Ујпешт (2:1) против Вадуз од Лихтенштајн. Јани Атанасов настапи од 75 минута во домашниот триумф на хрватскиот Хајдук Сплит (2:0) против Тобол од Казахстан.

Марко Симоновски и Ардијан Цуцули го одиграа целиот меч во дресот на косовската Дрита (тренер Ардијан Нухии) во нерешениот исход без голови (0:0) со холандската екипа на Феенорд.

Егзон Белица, Александар Дамчевски и Филип Глигоров беа стартери во гостинскиот пораз на албанскиот Партизани (3:0) кај Базел во Швајцарија. Стартери беа и Милан Ристовски за словачката Трнава и Стефан Ашковски за романскиот Сепси во ремито без голови (0:0).

Благоја Тодоровски го одигра целиот меч, Пепи Горгиев настапи од 46 минута, на клупата останаа Боби Целески и Христијан Драгарски во изненадувачкиот домашен пораз на албанската Теута од Интер Ескалдес од Андора (0:2). Башким Велија го одигра целиот меч во победата на Лачи од Албанија (1:0) против Универзитатеа Крајова.

Дарко Велковски не доби шанса од клупата во гостинскиот триумф на хрватската Риека против Гзира од Малта (0:2). Енис Фазлагиќ го одигра целиот меч во гостинската победа на Жилина од Словачка кај кипарскиот Аполон (1:3), додека Кире Ристевски и Давор Здравковски со кипарскиот АЕЛ Лимасол го добија дуелот против Влазнија од Албанија (1:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот