Чаирчани пред елиминација, Санта Клара со три гола во мрежата на Шкупи

Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје составот на Шкупи во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига загуби убедливо со 0:3 од Санта Клара.

Португалската екипа дојде во предност после половина часа игра после автоголот на Рватубјаје (0:1).

На стартот од вториот дел гостите ја зголемија позитивата со погодокот на Карваљо после асистенцијата на Алано (49`).

Конечниот епилог беше поставен во финишот од средбата, во листата на стрелците се запиша и Костиња (90+3`) по додавањето на Рикардињо.

Реванш мечот ќе се игра на 29 јули во Португалија, на чаирчани ќе им треба чудо доколку сакаат пласман во следната фаза од новоформираното УЕФА натпреварување.

Победникот од овој дуел во третото коло ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката Олимпија Љубљана (Словенија) – Биркиркара (Малта).

Конференциска лига: Шкендија се враќа со негатива од Летонија

Видео на денот