Конференциска лига: Шкендија се враќа со негатива од Летонија

Фото: facebook.com/fcshkendija

Денеска во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига составот на Шкендија загуби на гостувањето кај Рига со резултат 2:0.

Веќе трет меч по ред тетовските „црвено-црни“ ова лето европско лето нема реализирано гол што е секако загрижувачки податок за тренерот Ернест Ѓока.

Летонците стигнаа до победата со погодоци кои беа постигнати во 13 минута преку Весли и во 52 минута благодарение на Вакулко. Асистент и на двата голови беше Соисало.

Реванш дуелот ќе се игра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ на 29 јули.

Победникот од оваа пресметка во третото квалификациско коло ќе игра со подобриот од Фолгоре (Сан Марино) – Хибернианс (Малта), а многу блиску до пласман во следната фаза е Хибернианс кој триумфираше како гостин во првите 90 минути со 1:3.

Видео на денот