Мариус Борг Хојби, син на норвешката принцеза Мете-Марит/Фото: Принтскрин/Икс

Шок на судењето на синот на норвешката принцеза: „Беше мокар, бев во транс, ме болеше“

Вo Осло започна втората недела од судењето на Мариус Борг Хоjби, најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит. Централната точка на обвинението се однесува на наводното силување на жена во октомври 2023 година на Лофотен, архипелаг во северна Норвешка, во текот на приватно патување на кое бил и неговиот очув, престолонаследникот Хакон.

Хојби (29) се соочува со вкупно 38 точки од обвинението, вклучувајќи силување, сексуална злоупотреба на повеќе жени, семејно насилство, оштетување на имот, кривични дела поврзани со дрога и сообраќајни прекршоци. Во случај на пресуда, тој се соочува со затворска казна до 16 години, а во моментов е во притвор. Наводната жртва од случајот Лофотен во норвешките медиуми е наречена „жената од Лофотен“, а снимањето или објавувањето фотографии од обвинетиот од судницата е забрането со закон, пренесува „Билд“.

На вчерашното рочиште, фокусот бил токму на нејзиното сведочење. Пред државното обвинителство, жената детално ги опишала моментите во кои, како што тврди, сфатила дека Хојби имал секс со неа додека спиела.

„Не разбирам како некој може да има секс со личност која спие“, изјавила таа.

Жената се присетила дека навистина сакала да си легне таа вечер бидејќи била уморна. Прво имале сексуален однос со согласност, по што Хојби излегол од собата, а таа заспала.

„Се разбудив кога се врати и ме допре. Беше мокар, се сеќавам на тоа. Ми рече дека се искапел. Потоа повторно легнавме заедно.“

Потоа, Мариус повторно ја напуштил собата, а таа заспала.

„Потоа се разбудив кога ме допре. Повторно имавме секс. Тој повторно излезе, се сеќавам дека ја слушнав вратата. Кога се разбудив следниот пат, сфатив дека имал секс со мене.“

Во продолжението на нејзиното сведочење, таа ја опишала состојбата на целосна дезориентација и шок.

„Бев како во транс. Лежев со затворени очи, без никаква реакција. Кога се освестив, сè веќе беше завршено. Не знам колку долго траело“, рекла таа.

Кога обвинителството ја прашало за физичките последици, таа одговорила: „Болеше. Телото не беше подготвено за тоа.“

Синот на норвешката принцеза уапсен поради напад со нож во пресрет на судењето за силување

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување плачел во судницата: „Не спијам со жени кои не се будни“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот