Синот на норвешката принцеза уапсен поради напад со нож во пресрет на судењето за силување
Полицијата во Осло го приведе Мариус Борг Хојби, син на крунската принцеза Мете Марит и посинок на норвешкиот крунски принц Хакон, под обвинение дека нападнал жена, ѝ се заканил со нож и прекршил забрана за приближување, само два дена пред да се појави на суд по повеќекратни обвиненија за силување, пренесува „Евроњуз“.
Препорачано
Мариус (29), кого принцезата Мете Марит го имаше пред бракот со принцот Хакон, ќе се појави во вторник пред Окружниот суд во Осло, каде што е обвинет за вкупно 38 кривични дела, вклучувајќи четири наводни силувања и напади врз поранешни партнерки. Обвинителството бара тој да биде притворен четири недели, наведувајќи страв дека би можел повторно да изврши кривично дело.
– Полициската управа во Осло може да потврди дека Мариус Борг Хојби е уапсен во недела навечер – според полициското соопштение објавено во понеделник.
Само неколку дена претходно, новообјавените документи од Соединетите Американски Држави покажаа дека крунската принцеза Мете-Марит, имала обемни комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин помеѓу 2011 и 2014 година.
Доколку биде прогласен за виновен, Хојби може да добие максимална казна од 16 години затвор. Судењето треба да трае до средината на март и предизвика голем јавен интерес во Норвешка.


