Instagram
Дру Баримор - Фото: Instagram

„Шест месеци не е долго, можам и со години“: Дру Баримор откри колку долго може да се воздржи од интимни односи

Познатата актерка Дру Баримор е препознатлива по својата искреност и отвореност, а често јавно зборува и за својот сексуален живот. Пред неколку години, Дру се надоврза на изјавата на својот колега Ендру Гарфилд, кој призна дека се воздржувал од интимни односи половина година за да се подготви за улогата на свештеник од 17 век, пишува „Лед Бајбл“.

Меѓутоа, Дру не беше импресионирана од должината на неговиот целибат и во својата емисија изјави:

„Што е со мене ако шест месеци не ми изгледа како долго време? Помислив: ’Да, и што потоа?‘“

Водителот Рос Метјуз се пошегува дека се воздржувал од секс „во текот на дваесеттите години“ и додаде:

„Штотуку го откривме главниот наслов: Дру може да издржи шест месеци, никаков проблем.“

Дру кратко одговори: „Можам и години“.

По разводот од Вил Копелман во 2016 година, со кој има две деца, Дру ретко ги претставуваше своите партнери јавно. Таа повеќепати изјави дека ужива во својата независност и дека лошите искуства ја одвраќаат од идејата за состаноци.

„Можеме ли сите да се потсетиме дека состаноците треба да бидат забавни? Само излезете и добро поминете“.

Во својот препознатлив, духовит стил, Дру му возврати:

„Можеш ли тоа да им кажеш на мажите со кои излегувам? Очигледно не добиле порака. Изгледа дека излегувам со момци од сајт за психопати. Не се шегувам. Навистина не ми одеше“, додаде таа, истакнувајќи дека помладите мажи не ја интересираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот