Холивудската актерка Шерон Стоун на Инстаграм профилот објави своја фотографија од тинејџерските денови.

На црно-белата фотографија Шерон носи очила, бела ролка и ланче со крст.
„Ова сум јас во мјузиклот „The Sound of Music'”, напиша актерката.
Многумина ја пофалија дека била убава уште во тинејџерските денови. Но дали би ја препознале? Ние не!

Без оглед на генијалните улоги во многу филмови, нејзината кариера сепак ја одбележа улогата и незаборавната сцена во филмот „Ниски страсти“, поради која беше позната и како секс-симбол во 1990-те години.

Шерон Стоун и денес на 63 години изгледа совршено, а тоа го докажуваат и фотографиите кои таа често ги објавува на Инстаграм.

Шерон Стоун во бикини на 62 години: Вакво тело би посакала секоја жена на нејзини години! (ФОТО)

Шерон Стоун: „Ме удри гром, одлетав преку целата кујна и удрив во фрижидерот“