„Така ми се заблагодари“: Сценаристот на „Ниски старсти“ по 28 години призна дека спиел со Шерон Стоун! (ФОТО)

Американскиот писател со потеко од Унгарија, Џо Естерхас (75) го напишал сценариото за филмот „Ниски страсти“ (анг. Basic Instinct), со кој се прослави легендарната актерка Шерон Стон (62), а во една прилика открил дека имал секс со неа и дека актерката тоа го направила за да му се „заблагодари“ за уогата која ја прославила.

Џо Естерхас / EPA/JAKUB KAMINSKI POLAND OUT

Иако шокираше со отворената сексуалност и сцените со насилство пред да излезе, еротскиот трилер „Ниски страсти“ во 1992 година оствари огромна заработувачка од 352 милиони долари.

Филмот го прикажува убиството на поранешна рок ѕвезда, Џони Боз, кој е брутално убиен додека има секс, а случајот е доделден на детективот Ник Куран од полицијата на Сан Франциско. За време на истрагата, Ник ја запознава Кетрин Трамел, крими-писателка која му била девојка на Боз кога починал. Кетрин докажува дека е многу паметна и манипулативна жена, и иако Ник е убеден дека таа го убила Боз, тој не може да пронајде доказ за да го докаже тоа. Потоа, кога Нилсен, ривавл на Ник од полицијата, е убиен, детективот се сомнева дека Кетрин е вмешана во убиството. Така, Ник започнува да игра невообичаена, страствена игра со Кетрин, а сето тоа за да ја „намести“, но тогаш бројот на нови пронајдени мртви тела расте, па започнува да се прашува дали таа е воопшто виновна.

Прочитајте и...  Дали ова е најзгодниот светски пар? Никол и Том ги покажаа своите обликувани тела на плажа (ФОТО)
Фото: Профимедиа

Во филмот се вложени 49 милиони долари и уште пред да се појави во киносалите, тој предизвика контроверзии поради секс-сцените, насилството и силувањето. Исто така и геј-активистите се бунеа, бидејќи бисексуалната жена била прикажана како психопат.

За овој филмски хит кој ја прослави Шерон, сценаристот Џо во 1990 година го напишал сценариото за само 13 дена, а го продал дури за три милиони долари, што во тоа време било огромна заработка.

Фото: Профимедиа

Стоун во интервју за „Плејбој“ зборувала за снимањето на филмот и открила дека не и пречело што ги снимала секс-сцените, но дека тешко и паднало да снима сцени со насилство, како на пример кога убива со алатот со кршење на мраз.

Прочитајте и...  „Либеро Бенд“ снимија нова песна, во спотот еден куп згодни девојки! (ВИДЕО)
Шерон Стоун / Фото: EPA/FELIPE TRUEBA

– Барав пријателот да лежи до креветот дека ја правев таа сцена и да ми кажува некои шеги. На сетот имаше дури четворица доктори со кислородна маска, бидејќи мислев дека ќе се онесвестам додека го снимам тоа – раскажала актерката.

– Кажав дека сето тоа сакам да го снимам наеднаш и да се изгасат светлата. Кога го запалија светлото, режисерот Пол Верхоевен беше толку многу исплашен, што за малку ќе паднеше од столицата – открила актерката.

Шерон Стоун / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Режисерот го вметнал контроверзниот дел во кој Шерон ги шири нозете и не носи долна облека додека седи на столицата, а актерката тврди дека нејзината вагина била снимена без нејзино знаење.

Тие сцени не биле во сценариото, а Естерхас рекол дека жали што не ги напишал тој, наместо Верхоевен.

Прочитајте и...  За успешна љубовна приказна ова е идеалната разлика во годините

Сценаристот тврди дека спиел со Стоун откако филмот се појавил во киносалите.

Шерон Стоун / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

– Драго ми е што ја однесов во кревет. Не за тоа што сексот беше токку добар, беше во ред, туку поради неа ја запознав љубовта на мојот живот, својата сопруга Наоми – рекол тој во едно интервју.

Имено, тој го напишал сценарото за филмот „Силвер“, во кој Шерон глуми и има афера со режисерот Вилијам Мекдоналд. Мекдоналд поради актерката ја оставил својата жена Наоми Баку, со кој подоцна Естерхас се оженил и во брак со неа е од 1994 година.

Сценаристот додава дека ниту тој, ниту Шерон не му придавале многу значење на сексот за една вечер.

– Мислам дека само сакаше да ми се заблагодари бидејќи го напишав најголемиот хит во нејзиниот живот. „Ниски страсти“ беше најголем хит таа година во киносалите во целиот свет. Мислам дека го заслужив тој подарок – изјави Естерхас и ја шокираше светската јавност.

Прочитај повеќе

Доста време посветив, не беше едноставно: Пејачката Гиговска положи возачки испит! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Почина учителката обвинета за силување ученик за кого подоцна се омажи (ВИДЕО)

Слободен печат

„Либеро Бенд“ снимија нова песна, во спотот еден куп згодни девојки! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Хороскоп за 9 јули: Замислете си каде сакате да се видите себеси во иднина

Слободен печат

Виц на денот – Вишок килограми

Слободен печат

Жизел Бундхен ја покажа најслатката и најверна партнерка за јога! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Познатата турска актерка која ја гледавме во улогата на Шехерезад покажа како изгледа нејзиното тело само 4 месеци после породувањето! (ФОТО)

Слободен Печат

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, започнува самостоен живот подалеку од целата семејна драма!

Слободен Печат

За успешна љубовна приказна ова е идеалната разлика во годините

Слободен печат

Кајли Џенер и Криси Тиген со провокативни видеа на Инстаграм ги оставија своите фанови без зборови! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Дали ова е најзгодниот светски пар? Никол и Том ги покажаа своите обликувани тела на плажа (ФОТО)

Слободен печат

Ужива во бременоста и повеќе не се крие од јавноста: Ќерката на Арнолд Шварценегер го прошета трудничкиот стомак! (ФОТО)

Слободен Печат