Шерон Стоун: „Ме удри гром, одлетав преку целата кујна и удрив во фрижидерот“

Филмската ѕвезда раскажа што се случило за време на немилион настан

Холивудската актерка Шерон Стоун (62) неодамна шокираше со признанието дека во далечното минато ја удрил гром.

Шерон Стоун / Фото: EPA/MASSIMO PERCOSSI

Филмската ѕвезда се присети на немилиот настан и целиот го опиша во детали.

„Бев сама тогаш во домот и ставав вода во пеглата. Едната рака ми беше на чешмата, а другата на пеглата и одеднаш – удри гром, а водата беше спроводник. Одлетав преку целата кујна и удрив во фрижидерот“, раскажа актерката.

Шерон се присеќа дека веднаш ја повикала мајка и која ја сместила во автомобилот и веднаш ја однела во Ургентниот центар, каде веднаш и било направено ЕКГ, кое покажало голем електрицитет во нејзиното тело.

„Мајка ми веднаш ме однесе на доктор. ЕКГ-то покажуваше голем електрицитет во моето тело. Морав да правам ЕКГ десет дена по ред“, изјави таа.

Прочитајте и...  Илон Маск: Се надевам дека ќе направивме град на Марс пред да избие Трета светска војна!
Шерон Стоун Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Актерката на крајот, како што изјави, е среќна што воопшто останала жива, со оглед на тоа дека ова не била нејзина единствена блиска средба со смртта.

Таа имено, една случајно се исекла на вратот и за среќа не ја потфатила вената, а во 2001 година имаше и мозочна анеуризма.

Поврзани вести

Сузан Сарандон открива: Шер ја доби мојата улога затоа што спиеше со продуцентот!

Слободен Печат

Заразените со ковид-19 не можат да ги почувствуваат овие две ароми

Слободен печат

Крај на четиригодишната судска битка Пит – Џоли: Еве кој ќе има старателство над децата

Слободен Печат

Дневен хороскоп за четврток, 22 октомври

Слободен печат

Препознајте ги предупредувачките симптоми на Алцхајмеровата болест

Слободен печат

Виц на денот: Венчавка

Слободен печат

Остави Коментар