Шерон Стоун – „Кој и да ви каже дека изгледот не е важен, тој со сигурност ве лаже“

Славната актерка Шерон Стоун наскоро ќе ја гледаме во драмската серија на „Netflix“, „Ratched“ чија тема му претходи на култниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“. Во таа прилика таа даде интервју за магазинот „Telegraph“ во кое се осврна на важноста на изгледот.

„Не ни сфаќате колку изгледот е важен се додека тој не почне да заминува. Голема, дебела и глупава лага е кога некој ќе ви каже дека изгледот не е важен“, вели 62-годишната ѕвезда од „Основен инстинкт“.

Фото: Инстаграм

Поради тоа како што вели и сама е дисциплинирана кога станува збор за нејзината линија, па и покрај ограничувањата поради коронавирусот редовно вежба во својот дом во Беверли Хилс.

„Правам 30 склекови дневно, а додека гледам телевизија дигам три килограми тешка оловна топка“, открива Стоун и додава дека тоа е така бидејќи сега не може да посетува теретана.

Фото: Инстаграм

Славната актерка долго време важеше за „тешка личност“ и актерка со која тешко се соработува, а сега вели дека се чувствува ослободено од тие „обвинувања“ по движењето #MeToo.

За магазинот „Telegraph“ таа се присети на еден режисер кој ја замолил секој ден додека и дава упатства да му седи во скутот, а се присети и на непримерното однесување на еден машки колега актер на снимањето на филмот „Непомирливи разлики“ од 1984 година.

Фото: Инстаграм

Посочувајќи на неа, на преполниот филмски сет извикал: Ќе се тргнете ли од патот, не можам да и ги видам ниту градите? Нормално со безобразен речник.

Денес вели дека е помека и не се посветува со толкава енергија на се што ќе доживее, па дури успева да најде убави зборови и за претседателот Трамп.

Фото: Инстаграм

„Всушност, кон него чувствувам емпатија. Мислам дека во детството имал некои трауми“, изјави Стоун за американскиот претседател.

„Кога го гледам, ми се чини дека какви и да биле неговите трауми, тој се уште се мачи самиот себе и си нанесува болка. А тоа влијае и на толку луѓе кои јавно му искажуваат поддршка со нацистички маски и сите тие работи“, изјави Стоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот