Ози и Шерон Озборн / Фото: Profimedia

Шерон Озборн за последните мигови од животот на Ози: „Бакни ме, прегрни ме цврсто…“

Шерон Озборн (73) гостуваше во емисијата на Пирс Морган, каде за првпат откри детали од ноќта кога починал нејзиниот сакан сопруг, легендарниот Ози Озборн – детали кои до сега не биле познати, пренесува „Дејли мејл“.

Таа раскажа дека околу 4:30 наутро тој ја разбудил велејќи: „Разбуди се“, а таа му одговорила: „Не морам сама да се будам, ти ме разбуди“.

„Потоа ми рече да го бакнам и цврсто да го прегрнам. И денес се прашувам – дали требаше да го прегрнам уште посилно? Дали требаше уште еднаш да му кажам дека го сакам?“ – зборуваше Шерон низ солзи.

По тој разговор, Ози се спуштил на долниот кат за да вежба. Иако бил тешко болен, инсистирал на раноутрински тренинг. Само оваа година имал повеќе тешки здравствени удари – сепса, воспаление на белите дробови – но и покрај сè, не се откажувал од вежбањето. Дваесет минути подоцна паднал во домашната теретана.

Кога Шерон го слушнала неговиот крик, веднаш потрчала.

„Потрчав долу… се обидувавме да го спасиме, но не одеше. Ни медицинскиот тим не успеа. Тогаш им реков: ‘Оставете го. Ништо не можете да направите. Неговиот крај дојде“

Таа веднаш сфатила дека Ози починал.

Иако пристигнал хеликоптер и бил однесен во болница, лекарите ниту таму не успеале да го реанимираат. Шерон откри дека во неделите пред смртта, Ози често имал чудни соништа.

„Ми кажа дека во тие соништа гледа луѓе што не ги познава. Тие не зборуваат со него, ниту пак тој со нив. Мислам дека знаеше што претстои.“

Таа се присети и на неговиот последен настап од 5 јули – само нешто повеќе од две недели пред да почине, на 77 години.

„Лекарите му рекоа дека ако го изведе тој настап – тоа ќе биде тоа. Го предупредија дека можеби нема да го преживее концертот. Толку беше болен, што знаеше дека доаѓа крајот.“

Но Ози не сакал да слуша.

„Им рече: ‘Не ме интересира, сакам да настапам’. Знаеше дека телото му откажува. Годинава трипати помина воспаление на белите дробови, имаше сепса… Беше постојано на антибиотици кои го исцрпуваа. Толку лекови земаше што едноставно не можеше да го издржи тоа“, раскажала Шерон.

Настапил седнат на специјално изработен трон, бидејќи не можел да стои. Пирс Морган ја прашал од каде собрал сила да издржи цел концерт.

„Толку многу сакаше да им се заблагодари на своите фанови… знаеше колку ќе го чини тоа, но мораше да го направи. Тие две недели по концертот му донесоа повеќе радост отколку последните седум години од животот.“

Шерон призна дека сè уште тешко се справува со загубата.

„Во ред сум – за сега. Но сè ми е чудно. Кога некого толку го сакаш, мораш да научиш како да продолжиш да живееш со тагата. Полека успевам.“

Откри и еден од последните разговори што ги имале.

„Една вечер ме прегрна силно и ме праша: ‘Ќе се омажиш ли по мојата смрт?’ Тогаш го навредив и му реков цврсто ‘Не’.“

Децата, вели, ѝ помогнале да се врати во нормала и да најде сила да продолжи.

ВИДЕО | Се огласи Шерон Озборн два месеци по смртта на Ози: „Сè уште се мачам…“

ВИДЕО | Новиот документарец за Ози Озборн ги открива последните моменти од неговиот живот

Шерон Озборн: Жена тврди дека е ќерка на Ози, ни испрати нокти и крв

ВИДЕО | Џек Озборн со солзи во очите го опиша моментот како дознал дека неговиот татко Ози починал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот