Ози и Шерон Озборн / Фото: Profimedia

Шерон Озборн: Жена тврди дека е ќерка на Ози, ни испрати нокти и крв

Шерон Озборн откри бизарен настан кој се случил по смртта на нејзиниот сопруг, рок-легендата Ози Озборн. Жена која тврдела дека е неговата тајна ќерка им испратила пакет што содржел исечени нокти, влакна од коса и траги од крв, барајќи ДНК-тест за да го докаже своето тврдење. Оваа и други приказни семејството ги сподели во првата епизода од нивниот подкаст по смртта на Ози, пренесува „Дејли мејл“.

Говорејќи за чудните реакции од јавноста по смртта на музичарот, кој почина на 22 јули од срцево затајување, ќерката Кели раскажа: „Имавме прилично многу луѓе кои излегоа од сенка, тврдејќи дека разговараат со тато ‘од гробот’“.

Шерон потоа ја опиша најнеобичната ситуација.

„Една госпоѓа ни ги испрати ноктите од нејзиното стапало. Во пакетот имаше нокт од нога, малку крв и неколку влакна коса – беше целосно убедена дека е негово дете“, раскажа таа.

Ози Озборн, легендарниот пејач на „Блек Сабат“, имаше шест деца. Три од нив ги доби со Шерон, а три од првиот брак со Телма Рајли, со која се венча во 1971 година. Од тој брак ги има Џесика и Луис, а го посвои и Елиот, синот на Телма од претходна врска.

Во поткастот, семејството откри дека здравјето на Ози нагло се влошило по пад кој го доживеал.

„Беше првата недела на декември, не се чувствуваше добро, падна малку и постојано се жалеше на болки во грбот… отиде во болница“, се сеќава Шерон.

Синот Џек додаде: „Да се вратиме малку наназад – никогаш не поднесуваше добро болка… но како вистински џентлмен, никому не кажал дека паднал. Се испостави дека имал скршен пршлен“.

Шерон објасни дека докторите првично тврделе дека заздравувањето ќе трае околу шест недели, но таа веднаш знаела дека состојбата е многу посериозна: „Со неговата возраст, здравствена состојба, неговото тело и историјата со дроги и други проблеми – беше јасно дека тоа нема само да се излекува. Требаше чудо“.

Падот предизвикал серија здравствени проблеми.

„Почна некаков домино-ефект. Беше во толкава болка што мораше да биде примен во болница… а таму доби пневмонија. Тоа му се случи три пати во последната година. Со пневмонија и скршен пршлен – состојбата беше крајно тешка“, рече Џек.

Според официјалниот документ поднесен во Лондон, Ози Озборн починал од срцев застој и инфаркт. Во неговата медицинска документација се наведувале и Паркинсонова болест со автономна дисфункција, како и коронарно заболување на срцето. Почина само неколку недели по големиот проштален концерт со „Блек Сабат“. Имаше 76 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот