Шарлиз Терон го „спушти на земја“ Тимоти Шаламе: „За 10 години вештачката интелигенција ќе го замени него“
Aктерката Шарлиз Терон во новото интервју за „Њујорк тајмс“, остро реагирала на изјавите на нејзиниот помлад колега Тимоте Шаламе за балетот и операта, кои последните недели предизвикаа бурни реакции во уметничките кругови.
Препорачано
Терон, која пред актерската кариера вежбала балет, не го криела своето разочарување.
– О, се надевам дека еден ден ќе налетам на него. Тоа беше многу непромислен коментар за една уметност, всушност две уметности, кои мора да продолжиме да ги поддржуваме затоа што, да, тие поминуваат низ тешки времиња – рекла оскаровката.
Терон притоа направила паралела со развојот на технологијата.
– За 10 години, вештачката интелигенција ќе може да ја прави работата на Тимоте, но нема да може да ја замени личноста на сцената што танцува во живо – рекла актерката.
Таа додала и дека „не смееме да плукаме по другите уметнички форми“, нагласувајќи дека „танчарите се суперхерои“.
Терон, исто така, се потсетила и на сопственото искуство со балетот, опишувајќи го како исклучително тежок, но формативен дел од животот.
– Танцувањето е веројатно едно од најтешките нешта што некогаш сум ги правела – рекла таа, истакнувајќи дека токму танцот ѝ всадил дисциплина, структура и работни навики.
Сепак, ја признава и неговата потемна страна.
– Имаше моменти кога имав инфекции на крвта поради плускавци што никогаш не заздравија. Нема слободен ден. Буквално крвавиш низ чевлите. И тоа е нешто што мора да го правиш секој ден, со менталитет дека нема откажување.
Контроверзноста започна минатиот месец, кога Шаламе во текот на разговорот за „Вариети“ во кој учествуваше и Метју Меконахи, го коментирал намалувањето на вниманието на публиката.
– Не сакам да работам во балет или опера каде што е како: „Еј! Ајде да го одржиме ова во живот иако повеќе на никој не му е грижа – рекол тој тогаш, додавајќи со смеење: „Сета почит кон луѓето од балетот и операта… Штотуку изгубив 14 центи во гледаност. Пукам без причина.“
Неговите изјави предизвикаа лавина критики од уметници од целиот свет. Британската оперска пејачка Камила Керслејк ги коментирала како „шокантни и болни“ за заедницата. Од Кралскиот балет и опера потсетиле на важноста на тие уметности:
– Балетот и операта никогаш не постоеле изолирано, туку континуирано информирале, инспирирале и воздигнувале други уметнички форми.
Интересно е што целата ситуација имала и неочекуван ефект. Како што открил извршниот директор на таа институција, Алекс Берд, по полемиката било забележано „,моментален раст“ на продажбата на билети.
– Реакцијата на јавноста беше фантастична. Само рековме: „Погледни што правиме, пријателе“ – на пример, дека поголемиот дел од нашата публика е на возраст меѓу 20 и 30 години. Нашата објава имаше два и пол милиони интеракции и половина милион споделувања на Инстаграм. И продажбата на билети веднаш скокна. Благодарам, Тими! – заклучил тој.
Шега или навреда? Коментарите на Тимоти Шаламе за црнечката култура ја поделија јавноста
ВИДЕО | Тимоти Шаламе го „исплука“ балетот, а самиот играл во „Ромео и Јулија“ на шест години


