Шампионско славје на Маркес во Валенсија

фото:твитер

Возачот на „Репсол Хонда“, Шпанецот славеше пред домашната публика во Валенсија, а трката ја заврши со време 41:21.469 минута.

Втор низ целта помина возачот на „Петронас Јамаха“, Фабио Квартараро (+1.026 секунда), додека трет трката ја заврши Џек Милер од „Прамак Рејсинг“ (+2.409 секунди).

Редоследно од четвртата до 10 позиција се најда Андреа Довициозо, Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Жоан Мир, Валентино Роси, Алеш Еспаргаро и Пол Еспаргаро.

Марк Маркес со овој триумф (12. во сезоната) во Валенсија ја освои првата позиција со 420 поени. Тоа е статистички најдобар резултат во една сезона во историјата на Мото ГП шампионатот.

Во конечниот генерален пласман зад Маркес завршија Италијанецот Довициозо со 269 бодови и Вињалес од Шпанија (211).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот