Северина во рок од 24 часа повторно на суд: Пејачката се огласи и порача
Еден ден откако се појави во Општинскиот кривичен суд поради обвинението дека ја прогонува Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб и поради испраќање навредливи пораки до директорката на училиштето на нејзиниот син, Љиљана Клингер, хрватската пејачка Северина Вучковиќ (51) вчера повторно се појави на суд, но поради други обвиненија, пишува „24сата.хр“.
Препорачано
Станува збор за закажано рочиште во Општинскиот граѓански суд во Загреб. Тужител е наставничката, а тужбата е поднесена лани во април поради инцидент во училиштето во октомври во 2019 година. Наставничката бара од пејачката отштета од 70.000 куни.
Да потсетиме, Северина тогаш ја обвинила наставничката дека го заклучила нејзиниот син во соба и психички и физички го малтретирала.
Пејачката во судот дошла околу 9 часот, а рочиштето траело повеќе од два часа.
– За жал, морам да одам на суд, бидејќи тие што треба да ги тужам јас, тие ме тужат мене. Во принцип, убијте го гласникот – рекла Северина за „24сата“ по сослушувањето.
Да потсетиме, Врховниот суд во Хрватска му го врати старателството на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ над синот Александар, што значи дека целосно ѝ е одземено старателството на хрватската пејачка Северина Вучковиќ. Оваа вест ја шокираше јавноста од целиот регион, а Северина веќе неколкупати проговори и порача дека ќе се бори „до последната капка крв за своето дете“.
Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца


