„Откако се роди, бевме само ние двајца“: Срцепарателна објава на Северина откако судот ѝ го одзема синот

Фото: Инстаграм/Северина

Во последните неколку години, хрватската пејачка Северина Вучковиќ помина низ многу тешки моменти кога по судска одлука целосното старателство над син ѝ Александар му припадна на неговиот татко – Милан Поповиќ.

Од крајот на 2019 година, таа можеше да се гледа со синот само двапати неделно по неколку часа, секој втор викенд, за време на празниците и за време на летните и зимските одмори. Оттогаш пејачката со сите сили се бореше да си го врати синот, а успеа да го направи тоа во септември 2021 година, кога конечно доби заедничко старателство над него.

Денеска Врховниот суд повторно донесе одлука да ѝ го одземе детето и да му го отстапи стрателството на неговиот татко.

Сега пејачката се огласи на социјалните медиуми, објавувајќи срцепарателна порака за актуелните случувања.

„За малата капка на дланката и процедурата.

Го носам уште кога беше мала капка на дланката. Откако се роди, бевме само ние двајца. Прв заб, прва температура, први чекори. Тато повремено се појавуваше, како и ден-денес, и си заминуваше. И тогаш одеднаш реши да стане татко. Оттогаш, речиси 11 години, траат тортурата и агонијата – на мене и на моето дете. Сослушувања, рочишта, распити, извештаи, вештачења.

Знаеш дека не си направила ништо лошо. И не можеш да поверуваш дека тоа ти се случува повторно. И тоа не е твоја вина. Никогаш не сум била гласна пред своето дете, а камоли нешто друго. Не постои причина поради која детето не би требало да живее во својот дом, во којшто е родено, заедно со мене, баба му и луѓето кои ги познава од раѓање.

Фото: Инстаграм/Северина

Сега врховните судии ја донесоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое трпи тортура, а јас заедно со него. Не сакам сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам да барам какви било неправилности, а особено не оние што се спротивни на постоечката пракса.

Јас сум мајка. Тој е мојата капка вода на дланката, а јас ќе се борам до последната капка крв за неа. За мојата капка вода на дланката. Моето дете живее и оди во училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Срам ми е од оваа држава што вакви работи му се прават на детето, а јас да не смеам за тоа да зборувам за некого да не навредам.

Северина и синот Александар / Фото: Инстаграм/Северина

Поедноставено, ова всушност значи дека повторно своето дете, што го родив, што го одгледувам, образувам, кое живееше со мене од раѓањето, сега ќе можам да го гледам само во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела.

Ја поминав голготата на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата заради процедурални причини. Да ве е*ат процедуралните причини и корупцијата во оваа држава. Еднаш успеавте, овојпат нема да успеете!“, напиша хрватската музичка ѕвезда, објавувајќи фотографии од графит со неа и син ѝ Александар, нацртан во Белград.

Фото: Инстаграм/Северина

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот