Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

Северина / Шерон Стоун / Мелани Би/ Фото: Принтскрин Инстаграм / EPA / FELIPE TRUEBA / Wikimedia Commons

Со одлука на Врховниот суд, хрватската пејачка Северина Вучковиќ повторно го загуби старателството над 11-годишниот син Александар, кој ќе живее со неговиот татко Милан Поповиќ.

Северина не е единствената што минува низ мачна битка за старателство над детето. Многу холивудски ѕвезди и познати пејачки, исто така, го доживеаја кошмарот на секоја мајка кога со судска одлука им беше одземено детето.

Шерон Стоун

шерон стоун
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Откако преживеа тежок мозочен удар, славната актерка во 2001 година се разведе од сопругот Фил Бронштајн, кој во 2008 година со судска одлука доби целосно старателство над нивниот посвоен син Роан.

Поранешната двојка првично го делеше старателството над синот, а потоа беше одлучено дека момчето треба да оди на училиште во Сан Франциско за да биде во близина на таткото. Шерон, која живее во Лос Анџелес, се согласила на одлуката, по што нејзиниот поранешен сопруг побарал – и добил – целосно физичко старателство над детето. Момчето на крајот се врати кај мајка си, откако можеше само да одлучи со кого сака да живее, а актерката посвои уште две момчиња, Лерд и Квин.

Џенифер Хадсон

Фото: Public Domain / Picryl

Иако поради насилничкото однесување на нејзиниот поранешен свршеник Дејвид Отунга мораше да бара забрана за приближување, пејачката и актерка Џенифер Хадсон во 2017 година го загуби старателството над нејзиниот осумгодишен син Дејвид помладиот.

Судот му додели старателство на таткото, а одлуката ја оправда со неговата способност да биде поприсутен родител, додека нејзините деловни обврски и кариера беа аргумент за одземање на старателството. По двегодишна борба, пејачката конечно го доби делењето на старателството со поранешниот свршеник, со услов да му исплати алиментација, а во меѓувреме беше укината и забраната за приближување.

Мелани Браун

Мел Би со поранешниот сопруг / Фото: Wikimedia Commons

Мел Би од популарниот бенд „Спајс грлс“, исто така, мина низ мачна битка за старателство над нејзината ќерка Медисон, која ја има со поранешниот сопруг и продуцент од Лос Анџелес, Стивен Белафонте. Тој тврдеше дека морал да се пресели во Мајами поради работа и тврдеше дека преселувањето на нивната ќерка на Флорида нема да има штетно влијание врз односот со нејзината мајка, која во тоа време живееше во Лос Анџелес.

Мел Би се вратила во Велика Британија и рече дека го изгубила старателството над ќерката само затоа што никогаш не станала американска државјанка. Нејзината ќерка е родена во САД, а пејачката не сакала принудно да ја донесе во Велика Британија, па девојката продолжува да живее со својот татко.

Хајден Панетиер

Хајден Панетијер и Владимир Кличко / Фото: EPA/ANDREAS PESSENLEHNER

Американската актерка го загуби старателството над ќерката Каја, која ја има со поранешниот боксер Владимир Кличко. Таа откри дека нејзините борби со постпородилната депресија, заедно со нејзината борба со зависноста, влијаеле на нејзината способност да биде мајка на нивната ќерка, која живее со татко ѝ во Украина.

„Потпишувањето на тие документи беше најтешкото нешто што сум морала да го направам во мојот живот“, рече своевремено Хајден, додавајќи дека ја боли како сето тоа се одвивало.

„Сакав да работам на себе, требаше да оздравам и си помислив – кога ќе оздравам работите ќе се сменат и таа ќе дојде кај мене и ќе можам да поминувам време со неа, но тоа не се случи“, објасни таа.

Бритни Спирс

EPA EFE
Фото: EPA/NINA PROMMER

На поп ѕвездата ѝ е одземено старателството над синовите Шон Престон и Џејден Џејмс со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. Тој на суд ја искористи нејзината дијагноза на биполарно растројство како аргумент за старателство, а по разводот доби над милион долари, покрај месечна алиментација и плаќање на сите трошоци за децата.

Бритни најпрвин немала право да ги посетува децата, што ја „скршило“ психички, а нејзиниот татко Џејми потоа ѝ беше старател долги години, кое беше прекинато во ноември 2021 година. Децата денес живеат со својот татко на Хаваи.

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

„Откако се роди, бевме само ние двајца“: Срцепарателна објава на Северина откако судот ѝ го одзема синот

Објавено зошто на Северина ѝ е одземено старателството: Пејачката веднаш испрати отворено писмо до Врховниот суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот