Сениорите на собир, почеток на операцијата „квалификации за Светскиот куп 2023“

Први ривали на нашите најдобри кошаркари се Шпанија и Украина во квалификациите за Мундобаскет 2023/Фото: kfsm.mk

Заедничка вечера во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје како вовед во она што следува во наредниот период за македонската сениорска репрезентација предводена од селекторот Драган Бајиќ.

Во истата беа раководството на кошаркарската федерација со претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски, стручниот штаб и играчите на националната селекција.

Нешто како вовед во она што следува во наредниот период, почеток на квалификациите за Светскиот Куп 2023. Веќе од понеделник, изутрина, од 10.00 часот, стартуваат мини-подготовките пред почетокот на светските квалификации.

Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10.00, а вечерните од 18.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“.

Почнува продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија

Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот Куп 2023, на 26 ноември, во Скопје, играме против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот (директен пренос на Спорт Клуб). ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА МЕЧОТ МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

По средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот