Почнува продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Како што најавуваат од македонската кошаркарска федерација, спектаклот е загарантиран, за прв пат во својата историја, македонската сениорска машка репрезентација пред себе ќе го има актуелниот светски шампион.

На 26 ноември, во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје од 19.30 часот, Македонија ја пречекува Шпанија, во првото коло од квалификациите за Светскиот Куп 2023.

Продажбата на влезниците за овој кошаркарски спектакл, кои се по симболична, и достапна цена за сите љубители на кошаркарскиот спорт (200 ден.), ќе се одвива онлајн и на следните продажни места на „МКТикетс“ низ Македонија.

СКОПЈЕ:

ЛитератураМК Super Store – City Mall

ЛитератураМК – Буњаковец

ЛитератураМК – Веро Центар

ЛитератураМК – улица „Македонија“

ЛитератураМК – ГТЦ приземје

ЛитератураМК – Ramstore mall

Макпетрол – Козле

Макпетрол – Порта Влае

Макпетрол – Илинденска

Југотон – ГТЦ 1

ВЕЛЕС: „Унисон“

ПРИЛЕП: ТА „Бран“

КУМАНОВО: Тобако „Агора“

ТЕТОВО: Гранд „Тобако“, Тобако „Монако“

ГОСТИВАР: Тобако „Вона Пет“

ОХРИД: ТА „Вис Пој“

БИТОЛА: ЛитератураМК

СТРУМИЦА: ТА „Сафари“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот