Семејството на Брус Вилис сподели тажни вести за актерот: Нема повеќе радост во него

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Минатата година во февруари на познатиот холивудски актер Брус Вилис (68) му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Една година пред тоа беше откриено дека има афазија – нарушување на говорот. Поради болестa тој се откажа од актерството и целосно се повлече од јавноста.

Брус Вилис поминува време со семејството, кое често објавува за неговото здравје на социјалните мрежи.

Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис (45) редовно ги информира многубројните обожаватели за неговата состојба и ја подигнува свеста за деменција.

„Се борам со грижа на совест, бидејќи знам дека имам ресурси што другите ги немаат. Кога имам можност да одам на прошетка за да си ја расчистам главата, размислувам како тоа не го можат сите партнери кои се грижат за некој што е болен. Кога нешто што го споделувам привлекува медиумско внимание, знам дека има илјадници нераскажани приказни таму, од кои секоја заслужува сочувство и грижа“, изјави Ема за блогот „Sunday Paper“ на поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер, Марија Шрајвер.

Сепак, како што самата изјави, наоѓа смисла во споделувањето на нивната приказна, за која се надева дека некому ќе му помогне.

„Гледам дека она што го споделувам е важно за другите кои можеби се мачат, а на мал начин тоа ги прави да се чувствуваат видено и разбрано“, вели сопругата на Брус Вилис.

Неговиот пријател Глен Гордон Карон претходно откри дека на актерот не му е добро.

„Мислам дека знае кој сум јас само во првите неколку минути од нашиот разговор. Не зборува повеќе, читаше страсно, но сега се откажа од тоа. Сите тие вештини веќе не му се достапни. Кога сте со него, знаете дека тоа е Брус и благодарни сте што е таму, но повеќе нема радост во него“, рече тој.

Извори блиски до семејството изјавија дека Брус целосно престанал да зборува.

Брус има две ќерки со сопругата Ема, Мејбел (11) и Евелин (9), а од бракот со актерката Деми Мур (61) има три ќерки: Румер (35), Скаут (32) и Талула (30).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот