„Секогаш ќе ја имам оваа болест, сега гледам…“: Селма Блер по 2 мачни години повторно јава коњ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

На актерката во 2018-та година и беше дијагностицирана мултиплекс склероза, а сега по првпат има подобрување после две мачни години.

Американската актерка Селма Блер (48) повторно јава коњ, откако ѝ ја дијагностицираа болеста, после која беше подложна на многу хемотерапии.

Имено, актерката често на социјалните мрежи зборува за животот со тешката болест и со фановите споделува низ какви мачни искуства поминува, но ги открива и оние убавите работи. Токму тоа го направи и во претпоследната објава каде зборува за враќањето на јавачката стаза.

Фото: Инстаграм

Таа неодамна откри дека не ја чувствува левата нога и дека колковите ѝ се „замрзнати“, а со новата фотографија ги воодушеви своите обожаватели, кои ѝ посакуваат целосно закрепнување.

„Се движам полека. Не се критикувам премногу. Јас сум во хаос со мултиплекс склерозата. Кажано ми е дека една година после првата дијагноза ќе јавам на коњ. Одев на хемотерапии, верував и ми беше срам од другите што не успеав. Сега сфаќам дека секогаш ќе ја имам оваа болест. Секогаш. Но, ќе научам како да го користам ова тело, мозокот и емоциите“, напишала Селма под својата објава на Инстаграм.

„Му се вратив на мојот коњ. Тоа е она што најмногу ми недостасува. Но, ете, денеска успеав барем на неколку минути и не престанувам да се смеам“, се пофали таа.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот