Сега е и официјално: Тајсон Фјури против Усик на 17 февруари во Саудиска Арабија

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Љубителите на боксот и боречките вештини ќе имаат можност да гледаат вистинска епска борба во февруари 2024 година.

Официјално, како што пренесува „Дејли Мејл“, Тајсон Фјури и Александар Усик ќе ги вкрстат ракавиците во Ријад, Саудиска Арабија на 17 февруари.

Тоа го потврди и самиот Фјури, кој претходно требаше да се бори со Усик на 23 декември, исто така во Ријад.

Но, тогаш Британецот побара борбата да се одложи за неколку месеци, со оглед на тоа што неодамна се бореше против поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану, кого го победи дури по судиската одлука.

Да потсетиме, Фјури го има шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија, додека Украинецот Усик ги има шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот