Се зголемува бројот на осомничени за смртта на Марадона, и психијатарот на распит

DEMIAN ALDAY ESTEVEZ / EPA

Истрагата за смртта на Диего Марадона продолжува откако полицијата изврши претрес и во канцеларијата и домот на психијатарот кој се грижеше за легендарниот фудбалер.

Психијатарот Агустина Косачов е последниот осомничен во истрагата за смртта на Марадона поради лекарска негрижа.
По налог на јавен обвинител, полицијата влезе во станот кој Косачов го користела за консултации во Буенос Аирес, додека друга група на полицајци го претресувала нејзиниот дом.

– Обвинителот ми рече дека го истражува нејзиното однесување како лекар – изјави психијатарот Вадим Мисчанчук кој напомена дека тоа се рутински мерки во случај на испитување на смрт на пациент и тоа се прави поради утврдување на неговата историја на болеста.

Агустина Косачов беше дел од медицинскиот тим кој се грижеше за здравјето на Диего Марадона откако легендарниот фудбалер на 2. ноември беше опериран поради хематом во мозокот.
Диего Марадона почина минатата среда од срцев удар во својот дом додека се опоравуваше од операцијата.

Истражителите утврдија дека во случајот немало никакво насилство, но обвинителот покрена истрага за можна лекарска негрижа и пропусти кои донесе до смртта на Марадона.

Спортски великани кои си заминаа оваа година, од Коби до Марадона…

Полицијата исто така го испитува и неврохирургот Леополд Луке кој му беше личен лекар на Марадона, а беше дел и од тимот кој ја изврши операцијата на мозокот.
Полицијата во неделата го претресе неговиот дом и канцеларија и ги одзеде медицинските белешки, како и компјутерите, хард дисковите и мобилните телефони.

– Диего не ги сакаше лекарите, поточно тој ги мразеше. Ги мразеше психолозите, ги мразеше сите кои се грижат за здравјето. На него му беше потребна помош, но немаше начин како да се допре до него, тој сам одлучуваше за своето здравје. За што сум одговорен? Сите работевме најдобро што можеме – изјави Луке.

Аргентинската полиција со истрага против докторот на Марадона!

Што се случувало во домот на Марадона, болничарката фатена во лага

Чудни пораки на ќерката на Марадона и докторот: Татко ми повраќаше и одбива лекари! Тој е добро и бара приватност

Последното интервју на Марадона: Не знам дали луѓето и понатаму ќе ме сакаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот