Последното интервју на Марадона: Не знам дали луѓето и понатаму ќе ме сакаат

epa08841547 (FILE) - Argentinian soccer legend Diego Maradona gestures during an interview in Beijing, China, 13 November 2003 (re-issued on 25 November 2020). Diego Maradona has died after a heart attack, media reports claimed on 25 November 2020. EPA-EFE/CHINA SOCCER WEEKLY CHINA OUT

Желбата ми е пандемијата да помине што побрзо и мојата Аргентина да оди напред. Ме растажуваат сликите кога ќе видат дека децаат немаат пари за да си купат за јадење. Знам како е да се биде гладен, зборуваше Марадона во своето последно интервју.

Диего Армандо Марадона вчера на 60-годишна возраст почина од срцев удар, и тоа само три недели откако го прослави роденденот.

– Фудбалот ми даде се што имам, дури и повеќе од тоа што го замислував. А, доколку ја немав таа зависност ќе можев подолго да игра – рече Марадона кога го прослави роденденот.

Изолиран во својот дом поради пандемијата на коронавирусот, Диего Марадона се согласи за аргентинскиот весник „Кларин“ да одговори на прашањата преку својот човек задолжен за односи со јавност.

Марадона зборуваше за својата популарност, за љубовта која аргентинските спортисти ја покажуваат кон својата земја, за проблемите со пандемијата на коронаворусот како и за судбината на Лионел Меси во Барселона.

Ќе им бидам вечно благодарен на луѓето поради љубовта која ми ја покажуваат. Ме изненадуваат секој ден, тоа што го доживеав по враќањето во аргентинскиот фудбал никогаш нема да го заборавам. Понекогаш се прашувате дали луѓето и понатаму ќе ве сакаат – зборуваше Марадона.

Тој истакна дека аргентинските спортисти рано заминуваат во странство и дека татковината им недостасува.
– Затоа кога ќе ве повикаат во репрезентацијата, ако треба ќе дојдете пливајќи. Бидејќи тоа значи дека повторно ќе играте за вашата држава, за вашето знаме и тоа ве прави поинакви. Кога го гледам лицето на аргентискиот спортист кој победува, тоа ме воодушевува.

ФОТО: Човек да се наежи од насловните страници: Диего е во божји раце

Марадона во интервјуто даде и свое мислење за пандемијата на коронавирусот.
– Пандемијата е најлошатата работа што можеше да ни се случи, никогаш не сум видел нешто слично. Желба ми е пандемијата да помине и мојата Аргентина да тргне напред. Ме растажува кога ќе видам дека децата немаат доволно пари за да си купат за јадење. Знам како е да се биде гладен, знам какво е чувството кога не јадете неколку денови, а тоа во мојата Аргентина не смее да се случи.

Меси тагува по смртта на Марадона: Диего е вечен, не остави, но не си заминува

На крајот од интервјуто за „Кларин“ кое беше правено есенва, легендарниот фудбалер зборуваше и за најдобриот аргентински фудбалер на денешницата Лионел Меси и неговата сага со Барселона и Хосеп Марија Бартомеу.
– Знаев дека ова лошо ќе заврши и мислев дека Лео ќе си замине. И на мене ми се случи истото. Барселона не е лесен клуб, Лео е таму многу години и тие не се однесуваа кон него како што заслужува. Им даде се, ги однесе на врвот и кога сакаше да ја смени средината, тие му рекоа не.

Роналдо се прости од Марадона: Никој нема да ја пополни празината која ја остави Диего

ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

ВИДЕО: Денот кога Марадона танцуваше со топката на загревање

Почина легендарниот Диего Марадона на 60-годишна возраст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот