ВИДЕО: Денот кога Марадона танцуваше со топката на загревање

Диего Марадона / EPA/Crawford Brown UK AND IRELAND OUT

Фудбалската федерација на Аргентина ја потврди смртта на еден од најголемите фудбалери и спортисти на сите времиња.

Почина легендарниот Диего Марадона на 60-годишна возраст

Веста за смртта на Марадона го потресе фудбалскиот свет, нема личност која барем еднаш не погледнала некоја од неговите мајстории со топката и не се вљуби во неговата „уметност“.

Марадона ќе се памети по многу работи, по мајсториите од Наполи, Барселона или аргентинската репрезентација, по божјата рака, по најубавиот гол на 20 век кога ја помина целата англиска репрезентација и го матира Питер Шилтон, а но и по уште еден момент – неговото загревање пред натпревар.

Засекогаш ќе остане забележано како фудбалскиот уметник се подготвуваше за натпреварот против Баерн Минхен во полуфиналето на Купот на УЕФА во 1989 година. Тогаш Минхен го виде фудбалскиот Бог.

Од разгласот ечеше песната „Love is life“, а Марадона танцуваше со топката.

Да се потсетиме како изгледаше тоа:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот