Роналдо се прости од Марадона: Никој нема да ја пополни празината која ја остави Диего

фото: твитер

Од Диего Армандо Марадона се прости и Кристијано Роналдо.

Португалскиот репрезентативец со емотивна порака се прости од легендарниот фудбалер со кого беше голем пријател иако Марадона често знаеше да го критикува неговиот пристап кон фудбалот.

Диего кој беше без влакна на јазикот, често го критикуваше Кристијано Роналдо дека повеќе е фокусиран на маркетингот и профитот отколку на фудбалот, но тие зборови не им сметаа за двајцата да изградат вистинско пријателство.

Фудбалерот на Јувентус на социјалните мрежи постави заедничка слика со Марадона со емотивна порака под неа.

„Денеска се простувам од пријател, а светот му праќа поздрави на вечниот гениј. Еден од најдобрите на сите времиња. Неповторлив волшебник. Си заминува прерано, но неговото наследстцо е без граници и ова е празнина која никогаш нема да биде пополнета. Почивај во мир мајсторе. Никогаш нема да бидеш заборавен“, напиша Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот