ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

Фото: EPA-EFE/DyN ARGENTINA OUT - B/W ONLY

Диего Армандо Марадона за многумина беше и ќе остане најголемиот фудбалер на сите времиња.

Стрелец е на голот на векот, но и на „божјата рака“ и тоа на еден натпревар, против Англија на Светкото првенство 1986 година.

Почина легендарниот Диего Марадона на 60-годишна возраст

Ова е се најзанчајните моменти од неговиот фудбалски живот.

– Целосното име му е Диего Армандо Марадона Франко.

Диего Марадона / EPA/Crawford Brown UK AND IRELAND OUT

– Роден на 30. октомври 1960 година во местот Виља Фиорисио. Беа осум браќа и сестри.

EPA/Horacio Villalobos

– Првата фудбалска топка ја добива од својот вујко на третиот роденден. Оттогаш спиеше со топката и сонуваше дека ќе стане најдобриот фудбалер на сите времиња.

Фото: EPA/GIORGIO BENVENUTI

– Прекарот му е „El Pibe de Oro“ – или во превод Златното момче.

Диего Марадона/Фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

– На осум години прв пат бил забележан од ловците на таленти.

– На 12 години бил собирач на топки и на полувремињата ги забавувал навивачите со своето жонглирање.

Диего Марадона/EPA/CESARE ABBATE

– Потпиша за Бока Јуниорс во 1981 година и истата година ја освои титулата во аргентинскиот шампионат. Тоа е единствениот клупски трофеј кој Марадона го освоил во родната земја.

Фото: EPA-EFE/EFE B/W ONLY

– Една година подоцна, во својата 21. година потпиша за Барселона за тогаш рекорден трансфер од 7.6 милиони долари.

– Во 1983 година на натпреварот против Реал Мадрид, Диего Марадона го постигна победничкиот гол и стана првиот фудбалер на Барселона на кого му аплаудирале навивачите на „кралскиот“ клуб.

Фото: EPA/César De Luca

– Играше за Наполи од 1984 до 1991 година каде имаше статус на вистинско божество. Дресот со бројот 10 по неговото заминување е повлечен од употреба во негова чест.

Фото: EPA/STR YUGOSLAVIA OUT

– На Светското првенство 1986 година во Мексико, против Аргентина го постигна најконтроверзниот гол во историјата на фудбалот, „божјата рака“.

Најконтроверзниот гол„Божјата рака“ на Марадона/фото: твитер

– Вториот гол кој го постигна против Англија на тој натпревар која ја помина речиси целата противничка репрезентација е прогласен за гол на векот.

– Во кариерата одигра 680 натпревари и постигна 345 гола.

Фото: EPA/Ian Salas

– Заработи суспензија од 15 месеци поради користење кокаин.

– Заедно со Бразилецот Пеле се прогласени за најдобри фудбалери на 20. век.

Диего Марадона и Пеле/EPA/Canal Trece/HO

– Првиот пат се ожени 1989 година со Клаудија Вијафане со која има две ќерки. Свадбата беше спектакуларна со 1.200 гости кои ги забавуваше оркестар од 80 музичари. Младенците на венчавката пристигнаа со Ролс Ројс Фантон за кого се веруваше дека му припаѓал на озлогласениот нацист Јозеф Гебелс. Диего и Клаудија се разведоа 2004 година.

EPA/Leo La Valle

– Во Аргентина но и неколку други земји постојат црвки со името Марадона.

Фото: EPA/César De Luca

– За Марадона се испеани најмалку 10 песни.

Фото: EPA PHOTO ANSA/MAURIZIO BRAMBATTI

ВИДЕО: Денот кога Марадона танцуваше со топката на загревање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот