Што се случувало во домот на Марадона, болничарката фатена во лага

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Диего Армандо Марадона почина во средата во срцев удар на 60-годишна возраст, а три дена подоцна излегува податоците од истрагата поврзани за неговите последни часови.

Во истрагата, една личност и тоа болничарката која се грижеше за славниот фудбалер е фатена во лага.

Како што пренесува аргентинскиот весник „Кларин“,болничарката која била ангажирана да се грижи за здравјето на Марадона, прво на приватната компанија за која работи испратила извештај дека „редовно го проверувала Марадона“, за потоа во два одвоени искази пред истражните органи да признае дека тоа не го направила.

Личниот доктор виновен за смртта на Марадона?!

Еве како болничарката Дајана Жизел Мадрид ја обвинителството опишала што се случувало во домот на Марадона.

Во 6.30 часот колегата која го заменила, Рикардо, влегов во собата да ја провери состојбата на Марадона, а смената и ја предал со зборовите „пациентот спие и дише нормално“. Еден час подоцна болничарката слушнала дека Марадона се движи во собата и оди до импровизираниот тоалет, но не сакала да влезе во собата и да го провери „за да не го вознемирува“. Потоа Жизела навела дека во 8.30 часот го оставила Марадона да одмора, а кога тој во 9.20 часот одбил да биде прегледан од болничарката, таа повторно го оставила да одмора се до 11.55 часот кога пристигнале психологот Агустин Косачов и физијатарот Карлос Дијаз на рутински и закажан преглед.

Според исказот, Дајана Жизел Мадрид од почетокот на нејзината смена па се до доаѓањето на лекарите околу пладне, цели пет ипол часа воопшто не влегла во собата на Марадона иако тоа и било обврска. Таа не влегла поради негрижа туку за да не се замери со легендарниот фудбалер и дека ја почитувала неговата наредба.

Потоа кога Косачов и Дијаз влегле во собата на Марадона увиделе дека тој не одговара на нивните зборови. Болничарката во извештајот запишала дека пациентот во 12.10 часот нема пулс и дека веднаш е направена реанимација по што е повикана брза помош.

Обвинителството за медиумите потврдило неколку работи откако се дознало за извештајот на болничарката Жизела.
Точно е дека последна личност која го видела Марадона жив е болничарот Рикардо кој во 6.30 часот и запишал дека пациентот е добро, спие и нормално дише, пред да ја предаде смената“.

Двајцата болничари доброволно ги дале своите мобилни телефони на обвинителството за да се види на кого се јавувале во врска со состојбата на Марадона на денот на неговата смрт као и што јавувале на компанијата за која работат“.

По прегледот на снимките од камерите се гледа дека визолото на брза помош пристигнало во 12.28 часот, што е точно 11 минути по повикот. Со тоа паѓа во вода тврдењето на адвокатот на Марадона, Матијас Морле кој велеше дека тие доцнеле половина час“.

Личноста која два пати повикала брза помош била Максимилијано Помарго, личниот асистент на Марадона и зет на адвокатот Морле“.

„Покрај него, повик во брза помош упатил и личниот лекар на фудбалерот, Леополд Луке во 12.16 часот и тоа од странство. Тој не го открил името на пациентот туку само јавил и кажал дека станува збор за личност која има 60 години и дека најверојатно има срцев удар, а ја навел адресата на домот на Марадона“.

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Да се наежите – Новозеландскиот Хака танц пред дресот на Марадона (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот