Да се наежите – Новозеландскиот Хака танц пред дресот на Марадона (ВИДЕО)

EPA-EFE/DARREN PATEMAN

Спортистите од Нов Зеланд имаат посебен начин на подготовка пред натпреварите.

Традиционално пред почетокот на секој спортски натпревар, репрезентациите на Нов Зеланд го изведуваат Хака танцот, традиционалниот танц на нивните предци.

Рагбистите на Нов Зеланд пред натпреварот со Аргентина изведоа малку поинаков перформанс со кој му оддадоа почит на Диего Армандо Марадона кој почина пред три дена.

Тие прво на центарот поставија црн дрес со бројот 10 на кој беше презимето на славниот аргентински фудбалер, Диего Марадона по што во негова чест го изведоа нивниот традиционален танц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот