Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Диего Армандо Марадона денеска беше погребан на приватните гробишта во Буенос Аирес, а во денот кога беше погребот неговиот лик се појави на највисоката зграда на светот, Бурж Калифа во Абу Даби каде „Ел Пибе“ беше обожуван од фановите.

Фудбалскиот волшебник работеше во Обединетите Арапски Емирати како тренер и кралското семејство на ОАЕ одлучи да му оддаде последна почит на оригинален начин.

Ликот на Диего Марадона се појави на Бурж Калифа, највисоката зграда на светот (830 метри).

„Бурж Калифа му оддава почит на легендарниот Диего Марадона. Нека неговата душа почива во мир“, стои на Твитер профилот на највисоката зграда на светот.


Диего Марадона во Обединетите Арапски Емирати тренираше два тима, Фужаирах и Ал Васл.

Марадона погребан покрај неговите родители

Срамно: Го отвориле ковчегот за да се сликаат со телото на Марадона

ВИДЕО: Солзи на „Сан Паоло“, сите фудбалери на Наполи излегоа со дресови со бројот 10

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот