Спортски великани кои си заминаа оваа година, од Коби до Марадона…

2020 година ќе остане започнета како една од најлошите во историјата на човештвото, пандемијата на коронавирусот ја парализира целата планета, а во спортот ќе биде запомнена и по смртта на спортските великани и легенди.

Почнувајќи од Коби Брајант преку Радомир Антиќ па се Диего Марадона, спортскиот свет доживуваше вистински шокови.

1. јануари – Дејвид Штерн

Дејвид Штерн

Годината започна со смртта на долгогодишниот комесар на НБА лигата, Дејвид Штерн. Штерн дури 30 години беше прв човек на НБА лигата пред да се пензионира во 2014 година кога беше наследен од Адам Силвер. Токму Штерн е најзаслужен што НБА лигата стана еден од најпопуларните и најгледаните спортови на светот.

26. јануари – Коби Брајант


На крајот од јануари се случи најголемата спортска трагедија, легендата на НБА лигата и на ЛА Лејкерс загина во трагична хеликоптерска несреќа заедно со својата ќерка и уште седум патници. Коби Брајант се смета за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а со тимот на ЛА Лејкерс освои пет шампионски титули. Речиси сите спортски фанови ги знаат сите детали од кариерата на легендарниот кошаркар.

20. март – Борислав Станковиќ


Два месеци подоцна почина легендарниот генерален секретар на ФИБА, Борислав Бора Станковиќ на 95-годишна возраст. Станковиќ од 1976 до 2002 година беше генерален секретар на ФИБА и во целост ја промено европската и светска кошарка, под негово водство овој спорт доживеа вистинска експанзија. Станковиќ е најзаслужен за воведување на линијата за три поени, сменети се димензиите на тереноти како, а е променет и форматот на натпреварите, од полувремиња се премина на четвртини за светската кошарка да се приближи во НБА.

6. април – Радомир Антиќ

Радомир Антиќ почина во Мадрид на 72. години по кратко и тешко боледување. Антиќ е единствениот тренер кој седел на клупата на три шпански великани, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Беше и селектор на Србија со која настапи на СП 2010 година во Јужна Африка.

16. април – Бојана Милошевиќ

Милошевиќ ќе остане запомнета како една од најдобрите кошаркарки во поранешна СФР Југославија, беше лидер на „сребрените девојки“ кои беа вицешампионки на Олимписките игри во Сеул (1988), Светскотко првенство во Куала Лумпур (1990) и на Европските првенства во Кадиз (1987) и Тел Авив (1991).

18. мај – Марко Елснер

Еден од најдобрите словенечки фудбалери Марко Елснер почина на 60. години само еден месец откако го прослави роденденот. Најголем дел од кариерата помина во Олимпија Љубљана, Црвена звезда и Ница.

22. мај – Џери Слоун

На 22. мај почина славниот тренер на Јута џез, Џери Слоун кој дури 34. години седеше на клупата на „џезерите“. Слоун почина поради компкликации предизвикани од Паркинсоновата болест и деменцијата.

2. јуни – Вес Анселд


Десет дена по Слоун, почина уште едно големо име во НБА, легендарниот центар Вес Анселд. Тој беше избран како втор пик на драфтот 1968 година, а десет години подоцна со Вашингтон булетс ја освои титулата. Во 1996 година е избран како еден од најдобрите 50 кошаркари во НБА лигата на сите времиња.

18. јуни – Тибор Бенедек


Во екот на пандемијата на коронавирусот почина еден од најдобрите ватерполисти на сите времиња, Унгарецот Тибор Бенедек на 48-годишна возраст. Бенедек е член на златната унгарска генерација која три пати по ред го освојуваше златниот медал на Олимписките игри во 2000, 2004 и 2008 година.

27. јуни – Илија Петковиќ

EPA/Srdjan Suki

Поранешниот селектор и фудбалер на репрезентацијата на Југославија, Илија Петковиќ почина на 27. јуни на 76. години.
Петковиќ играчката кариера ја помина во два клуба, ОФК Београд и Троа, а за репрезентацијата на Југославија одигра 43. натпревари.

22. септември – Златко Портнер


Легендарниот ракометар на Меалопластика и на репрезентацијата на Југославија почина на 22. септември во Швајцарија на 59. години. Портнер беше член на златната генерација на југословенскиот ракомет од 1980-тите години која беше Олимписки и светски шампион, а со Металопластика два пати беше европски првак.

25. ноември – Диего Марадона

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Последен во низата на спортски легенди кој си заминаа е Диего Армандо Марадона. Легендарниот аргентински фудбалер почина во својот дом од срцев удар на 60. години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот