Чудни пораки на ќерката на Марадона и докторот: Татко ми повраќаше и одбива лекари! Тој е добро и бара приватност

epa01353097 Former Argentinian football player Diego Maradona and his daughter Dalma arrive at the festival palace for the gala screening of US director Steven Soderbergh's film 'Che' running in competition at the 61st edition of the Cannes Film Festival, 21 May 2008, in Cannes, France. EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Аргентинското јавно обвинителство веднаш по погребот на Диего Марадона покрена истрага за причините за смртта на легендарниот фудбалер, а дел од медиумите дојдоа до преписка која на ВатсАп групата ја имале неговите ќерки Далма и Џанина, неговиот син Диего, психијатарот Агустина Косачов и психологот Карлос Дијаз.

Теленовелата започнува: Осум жени и 11 деца ќе „војуваат“ за наследството на Марадона тешко 75 милиони евра

Тема на преписката била здравствената состојба на Диего Марадона откако на 2. ноември беше опериран во клиниката Оливос поради хематом на главата.

Во преписката се гледа дека Далма е загрижена за состојбата на нејзиниот татко по операцијата.

Само што ме контактираше личноста задолжена за неговото домашно лекување дека татко ми поврати (јадел шкампи со бел лук и броколи) и дека не сака брзата помош да дојде и да го прегледа. Ми рече дека разговарал со Агистин и дека тоа е семејна одлука. Затоа и пишувам, верувам дека постојат работи кои ние роднините не можеме да одлучиме. За такво нешто треба да одлучат лекарот или барем неговиот личен лекар“, напишала Далма.

Пороците кои го уништија Марадона: Не можеше без кокаин, а пред него клечеа кумовите на мафијата

Потоа на 14. ноември Далма повторно го повторила своето барање.
„Леополд Луке е неврохирург, а за тоа што зборуваме е лекар по општа пракса. Со докторот кој го имаме би биле мирни, а тато не би имал толку лекари“.

На нејзината порака одговорила Агустина кој веднаш прашала дали имаат некој колега токсиколог кој можат да го препорачаат.
„Тоа беше само еднаш пред приемот. Дали сакате да предложите некого и како ќе го направите тоа“, прашува Косачов.

Од друга страна, пристигнало уверување од лекарите дека се е во ред со Диего кој сака поголема приватност.
„Разговарам со Макси, ми рече дека ги гледаат снимките на Диего и дека тој е добро. Диего бара поголема приватност“, одговорил Дијаз.

Целата преписка се наоѓа во обвинителството и е предмет на испитување пред покренување на можно обивинение за немарност при лечењето на Диего Марадона.

Бившата партнерка на Марадона се расплака пред камерите: Неговото семејство не ми дава да се простам со него

ВИДЕО: Денот кога Марадона танцуваше со топката на загревање

Последното интервју на Марадона: Не знам дали луѓето и понатаму ќе ме сакаат

Аргентинската полиција со истрага против докторот на Марадона!

Да се наежите – Новозеландскиот Хака танц пред дресот на Марадона (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот