Бившата партнерка на Марадона се расплака пред камерите: Неговото семејство не ми дава да се простам со него
Росио Олива, 30-годишната бивша вереница на Диего Марадона, која со него беше во врска од 2012 до 2018 година е потресена од неговата смрт.
Препорачано

Росио гостувала на аргентинската телевизија и признала дека бившата сопруга на Марадона, Клаудија Вилафане и остатокот од семејството не ѝ дозволувале на бдеењето да се прости од него, пренесува Сан.

„Ме боли што не ме пуштаат внатре, со тоа го повредуваат и Диего. Јас сум негова последна партнерка, имам еднакво право да се простам од него како и останатите. Не знам зошто ми го прават тоа, не провоцирам никого“, рекла расплаканата Росио.

„Диего ми беше поранешен партнер, сакам да се простам со него, морам да го направам тоа. Сакаше да бидам таму до последниот здив. Само ние знаеме каква врска и љубов имавме и колку бевме вљубени“, додала.

Росиа откри по што најмногу ќе го памти легендарниот Марадона.
„Беше скромен, имаше џиновско срце и навистина го сакаше животот. Во срцето ми се убави спомени. Многу ме сакаше. И тоа ми ја исполнува душата“, рече Росио.



