Пороците кои го уништија Марадона: Не можеше без кокаин, а пред него клечеа кумовите на мафијата

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Светот плаче за Диего Армандо Марадона кој почина на 60-годишна возраст. Диего поседуваше фудбалски талент каков што еднаш се раѓа во 100 години, но во исто време тој беше и најкронтроверзната личност во историјата на фудбалот.

За многу фудбалски фанови, 25. ноември ќе биде запишан со црни букви во историјата на фудбалот како ден кога си замина еден од најголемите фудбалери на сите времиња и најголемиот талент кој некогаш стапнал на терените.

Диего го имаше светот под своите нозе, со репрезентацијата на Аргентина триумфира на Светското првенство 1986 година во Мексико кога ги постигна двата најпознати гола во историјата на фудбалот и тоа против Англија, на Наполи му ја донесе една од двете титули во Италија, беше обожуван во сите делови од планетата, а во Неапол и Буенос Аирес е вистинско божество за фудбалските фанови.

Во Неапол дури и мафијата клечеше пред него, беше редовен на собирите на озлогласената мафијашка група Камора која во секое време му „набавуваше“ кокаин… но и се друго што ќе посакаше.

Мурал во Неапол посветен на Марадона/ EPA-EFE/CIRO FUSCO

Своевремено Марадона во јавноста зборуваше сите свои пороци.
Бев наркоман, јас сум наркоман и засекогаш ќе бидам наркоман“– зборуваше Марадона 1996 година за најголемиот порок кој му го уништи животот.

Токму кокаинот е најзаслужен за неговото предвремено заминување во фудбалска пензија. Откако во 1991 година беше позитивен на кокаин заработи 15-месечна суспензија, а се тргна по Светското првенство 1990 година кое се одржа во Италија и во кое неговата репрезентација загуби во финалето од Западна Германија.

ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

Тогаш се отвори неговата „книга на гревови“ во која се најде место и за мафијата. Јавноста дозна дека Марадона во 3.40 часот наутро се јавува кај членовите на Камора за да му обезбедат две проститутки.

Италијанските медиуми не можеа да му простат на Диего за неговото пријателство со мафијата и од Италија си замина како човек на кого славата, мафијата и дрогата му ја зедоа душата по што никогаш повеќе не беше оној Диего кој танцуваше со топката на терените.

Кога се дрогирав немав ништо, бев како зомби. Прв пат пробав кокаин во Европа 1982 година. Имав 22 години. Знаете ли што правев за да се „кренам“ и никој да не ме види. Не го палев светлото. Ќе отидев во тоалетот со исклучено светло. Бев зависник од дрога, јас сум наркоман и секогаш ќе бидам наркоман за сите. Затоа што на наркоманите ништо не им се простува – зборуваше Марадона.

Кога вториот пат беше позитивен на кокаин на СП 1994 година во САД се правдаше дека кокаинот не му помага да игра подобро на терненот.

Постојано користев дрога за време на кариерата, но никогаш не ја користев за да се стимулирам. Тие кои велат дека кокаинот ве стимулира, не знаат ништо. Доколку земете кокаин за да играте фудбал, не можете да играте. Кокаинот е бескорисен за фудбалот, бескорисен за животот – зборуваше Марадона 1996 година.

Диего Марадона/EPA-EFE

Но, дрогата не беше единствениот порок кога станува збор за неговото однесување надвор од терените. Беше темпераментен, нескротлив и често влегуваше во физички пресметки, а има случај и кога пукаше кон новинари.
Откако во 1994 година, новинарите го опседнаа неговиот дом за да дојдат до некоја екслузивна вест или информација, Диего Марадона пред нив излезе со воздушна пушка и пукаше кон новинарите. Во 2013 година, фрли камен кон фотографот на „Ел Мундо“.

– Диего се симна со цигара во раката и почна да не навредува, додека ние се уште фотографиравме. Потоа почна да бара камења на земјата и да фрла по нас. Бидејќи ние продолживме да го фотографираме, тој шутна еден наш колега – го опиша настанот фотографот на „Ел Мундо“.

Диего Марадона/EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Диего Марадона беше познат како личност која нема влакна на јазикот и не двоуми да го каже тоа што го мнисли без разлика дали потоа може да западне во проблеми. Така влезе во конфликт со католичката црква и Ватикан.
– Кога влегов во Ватикан и го видев сето тоа злато, станав огнена топка.

Марадона имаше интерен коментар и за хомосексуалците.
Дали јас сум против хомосексуалците? Не, воопшто. Подобро е да постојат бидејќи на тој начин оставаат повеќе слободни жени за нас кои сме вистински мажи – зборуваше Марадона во 1990-тите години.

Фудбалскиот свет се простува од големиот Диего, меѓу нив и Пеле: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката горе на небото

Почина легендарниот Диего Марадона на 60-годишна возраст

Аргентина прогласи тридневна жалост по смртта на Марадона

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот