23 C
Скопје

Фудбалскиот свет се простува од големиот Диего, меѓу нив и Пеле: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката горе на небото

Диего Марадона кој за многумина е најдобриот фудбалер на сите времиња, на 60-годишна возраст почина во родната Аргентина.

Почина легендарниот Диего Марадона на 60-годишна возраст

 

Фудбалскиот свет кој со неверица ја прими веста за смртта на големиот Диего, се простува со фудбалскиот волшебник.

ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

Најголема трага остави во Наполи и Бока Јуниорс, а италијанскиот тим се прости со зборовите „Засекогаш во нашите срца, Диего“.

Барселона му се заблагодари на легендарниот фудбалер на се што направо за шпанскиот тим каде играше само една сезона но ги натера навивачите на Реал Мадрид да му аплаудираат.


Пораката на неговиот омилен тим, Бока Јуниорс предизвикува најмногу емоции. „Вечно благодариме. Бесмртниот Диего“.


И Бразилецот Пеле се огласи по повод смртта на Диего Марадона.
– Дефинитивно ќе ја шутираме топката на небото заедно еден ден”.

EPA/Canal Trece/HO

Од Марадона се прости и најомразениот ривал на Бока Јуниорс, Ривер Плата.

Аргентина прогласи тридневна жалост по смртта на Марадона

Поврзани вести

ВИДЕО: Манчестер јунајтед е „крал“ на пресврти во Премиер лигата!

Слободен печат

Струга Трим Лум го испрати Вардар во Втората лига

Слободен печат

Хамилтон на две победи од јубилеј, светскиот шампион ја освои и „Каталуња“

Слободен печат

Ова долго се чекаше, конечно ќе се игра првиот фудбалски меч пред полн стадион

Слободен печат

ВИДЕО: Супер гол на Андонова против Еспањол и го прослави во стилот на Роналдо!

Слободен печат

ВИДЕО: Пандев стартер на „Луиџи Ферарис“, Сасуоло е пред Рома!

Слободен печат

Остави Коментар